Hadith for the World
Tap the image to view it full size
Доблести и манири

Ебу Муса, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:

Available in 54 languages
«Ебу Муса, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Примерот на оној што Го спомнува својот Господар и оној што не Го спомнува е како примерот на живиот и мртвиот.“ А во верзијата на Муслим стои: „Примерот на куќата во која се спомнува Аллах и куќата во која не се спомнува Аллах е како примерот на живиот и мртвиот.“»

Meaning translation ·

Explanation

The meaning in a few plain lines

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, ја појаснил разликата меѓу оној што го спомнува Аллах и оној што не го спомнува, истакнувајќи дека таа разлика е како разликата помеѓу живиот и мртвиот во нивната корист и изглед. Примерот на оној што го спомнува својот Господар е како примерот на живиот – неговата надворешност е украсена со светлината на животот, а внатрешноста со светлината на спознавањето, и во него има корист. А примерот на оној што не го спомнува Аллах е како примерот на мртвиот – неговата надворешност е безживотна, а внатрешноста празна, и во него нема никаква корист. Исто така, и куќата се нарекува „жива“ ако нејзините станари го спомнуваат Аллах, а ако тие се немарни во спомнувањето на Аллах, тогаш тоа е „мртва“ куќа. А кога се користат изразите „жива“ или „мртва“ во контекст за куќата, всушност се мисли на нејзините станари.

Source
متفق عليه
Download image

Saved at original quality