Hadith for the World
Tap the image to view it full size
Доблести и манири

Невас бин Симан ел-Енсари, Аллах нека е задоволен со него, раскажува:

Available in 62 languages
«Невас бин Симан ел-Енсари, Аллах нека е задоволен со него, раскажува: „Го прашав Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, за добродетелството и гревот, па тој рече: ,Добродетелство е убавото однесување, а грев е она што ти тежи во срцето и не сакаш да го дознаат луѓето.‘“»

Meaning translation ·

Explanation

The meaning in a few plain lines

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, беше прашан за добродетелството и гревот, па рече: „Највозвишените гранки на добродетелството се: убавиот однос со Аллах – преку богобојазливоста и убавиот однос со луѓето – преку трпеливост при навредите, воздржаност од гневот, ведрина на лицето, убавиот говор, одржувањето на роднинските врски, послушноста, љубезноста, добрината, убавиот соживот и пријателство. А гревот е она што во душата предизвикува неодлучност и двоумење, без да почувствува спокојство за него, и она што во срцето буди сомнеж и страв дека е грев. Тоа е она што човекот не сака да го открие, бидејќи го смета за срамно пред угледните и чесни луѓе. По природа, душата сака нејзините добри дела да бидат познати, а ако не сака некој да дознае за некои од нејзините постапки, тогаш се работи за грев во кој нема добро.“

Source
رواه مسلم
Download image

Saved at original quality