Hadith for the World
Tap the image to view it full size
Доблести и манири

Абдулах бин Амр бин Ел-Ас, Аллах нека е задоволен со него и со неговиот татко, раскажува дека слушал како Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, вели:

Available in 48 languages
«Абдулах бин Амр бин Ел-Ас, Аллах нека е задоволен со него и со неговиот татко, раскажува дека слушал како Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, вели: „Сите срца на потомците на Адем се меѓу два прста од прстите на Милостивиот – како едно срце – и Тој ги насочува како што сака.“ Потоа Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рече: „О Аллах, Ти што ги насочуваш срцата – насочи ги нашите срца кон Твојата покорност.“»

Meaning translation ·

Explanation

The meaning in a few plain lines

Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, известил дека срцата на сите потомци на Адем се наоѓаат меѓу два прста од прстите на Милостивиот – како едно срце – и Тој ги насочува како што сака: ако сака, го зацврстува на вистината, а ако сака, го оддалечува од неа. Неговото управување со срцата е како управување со едно – ниту една работа не Го одвлекува од друга. Потоа Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, упатил дова и рекол: „О Аллах, Ти што ги насочуваш срцата – понекогаш кон покорност, понекогаш кон непокорност, понекогаш кон спомнување, а понекогаш кон немарност – насочи ги нашите срца кон Твојата покорност.“

Source
رواه مسلم
Download image

Saved at original quality