17 hadiths
Од Ибн Абас, радијаллаху анхума, се пренесува: Пратеникот ѝ рекол на една енсаријка, Ибн Абас го спомна нејзиното име, но јас го заборавив: „,Што те спречи да извршиш хаџ со нас?‘ Таа рече: ,Имавме само две камили за јавање. На едната изврши хаџ нејзиното дете и неговиот татко, а ја остави другата за нас.‘ Пратеникот ѝ рече: ,Кога ќе дојде рамазан, направете умра, бидејќи умрата во рамазан е еднаква со хаџот.‘“متفق عليه
Од Аиша, мајката на верниците, радијаллаху анха, се пренесува, дека кажала: „,О, Божји пратенику, ние го сметаме џихадот за најдобро дело. Зарем да не учествуваме во него?‘ Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, одговорил: ,Не, но најдобриот џихад е исправно извршениот хаџ.‘“رواه البخاري
Ибн Абас, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Нема денови во кои доброто дело му е помило на Аллах од овие денови“, т.е. во првите десет дена од месецот Зул-Хиџе, асхабите прашале: „Алахов Пратенику дури ни џихадот на Аллаховиот пат?“ Пратеникот, алејхи селам, рекол: „Ниту џихадот на Аллаховиот пат, освен ако човек отиде во џихад носејќи го со себе неговиот имот, и не се врати од таму (ни тој ни имотот).“رواه البخاري وأبو داود، واللفظ له