Hadith for the World
Tap the image to view it full size
Фикх (исламско право) и методологија на фикхот

Од Укбе бин Амир ел-Џухени, Аллах нека е задоволен со него, се пренесува дека рекол:

Available in 42 languages
«Од Укбе бин Амир ел-Џухени, Аллах нека е задоволен со него, се пренесува дека рекол: „Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, ни забрани да клањаме намаз или да закопуваме мртви во три временски периода: – кога Сонцето изгрева сè додека добро не се издигне над хоризонтот, – кога Сонцето е во зенит – сè додека не започне да се наклонува кон запад, – и кога Сонцето започнува да заоѓа – од моментот кога започнува да се навалува кон хоризонтот, сè до неговото целосно заоѓање.“»

Meaning translation ·

Explanation

The meaning in a few plain lines

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, забранил во три периоди од денот да се клања доброволен намаз или да се врши закоп на починатите: Првиот период е веднаш по изгрејсонце – од моментот кога Сонцето ќе се појави над хоризонтот, па сè додека не се издигне во висина од едно копје, што се смета за приближно 15 минути. Вториот период е кога Сонцето се наоѓа точно во зенит – односно на средината на небото, не правејќи сенка ниту на исток ниту на запад – сè додека не почне да се наклонува и да се појави сенка од источната страна, што го означува почетокот на времето за пладневниот намаз. Овој период е краток – трае околу 5 минути. Третиот период е пред зајдисонце – од моментот кога Сонцето почнува да се спушта кон хоризонтот, па сè до неговото целосно заоѓање.

Source
رواه مسلم
Download image

Saved at original quality