TopicФикх (исламско право) и методологија на фикхот
288 hadiths
288 hadiths
Од Ибн Абас, радијаллаху анхума, се пренесува: Пратеникот ѝ рекол на една енсаријка, Ибн Абас го спомна нејзиното име, но јас го заборавив: „,Што те спречи да извршиш хаџ со нас?‘ Таа рече: ,Имавме само две камили за јавање. На едната изврши хаџ нејзиното дете и неговиот татко, а ја остави другата за нас.‘ Пратеникот ѝ рече: ,Кога ќе дојде рамазан, направете умра, бидејќи умрата во рамазан е еднаква со хаџот.‘“متفق عليه
Од Аиша, мајката на верниците, радијаллаху анха, се пренесува, дека кажала: „,О, Божји пратенику, ние го сметаме џихадот за најдобро дело. Зарем да не учествуваме во него?‘ Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, одговорил: ,Не, но најдобриот џихад е исправно извршениот хаџ.‘“رواه البخاري
Ебу Муса, радијаллаху анху, вели: „Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, бил прашан за човекот кој се бори за да покаже храброст, заоној кој се бори заради лојалност и за оној кој се бори за слава (убав помен) – кој од нив е на Аллаховиот пат?
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, на ова прашање, одговорил: ,Оној што се бори за да се воздигне Аллаховиот збор, тој е на Аллаховиот пат.‘“متفق عليه