17 hadiths
Од Ебу Катаде, Аллах нека е задоволен со него, се пренесува дека тој го барал должникот, но овој се сокрил од него. Кога конечно го пронашол, должникот му рекол:
„,Јас сум во тешка состојба.‘
Ебу Катаде го прашал:
,Се колнеш во Аллах дека е така?‘
Должникот одговорил:
,Се колнам во Аллах.‘
Тогаш Ебу Катаде рекол:
,Навистина, го слушав Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како вели: – Кого го радува Аллах да го спаси од тешкотиите на Судниот ден, нека му олесни на оној што е во тешкотија или нека му го прости долгот.‘“رواه مسلم
Ебу Шурејх, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Се колнам во Аллах, не поверувал, се колнам во Аллах, не поверувал, се колнам во Аллах, не поверувал“. Прашаа: „Кој не поверувал Божји пратенику?“. „Тој од чиешто вознемирување не е сигурен неговиот сосед“, одговори.رواه البخاري