Hadith for the World
Tap the image to view it full size
Фикх (исламско право) и методологија на фикхот

Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, рекол: Го слушнав Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како вели:

Available in 42 languages
«Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, рекол: Го слушнав Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како вели: „Колективниот намаз (во џемат) е повреден од намазот што некој од вас го клања сам – за дваесет и пет степени. А при сабахскиот намаз се собираат мелеците на ноќта и мелеците на денот.“ Потоа Ебу Хурејре рекол: „Цитирајте, ако сакате: ,И намазот в мугри, бидејќи на намазот в мугри многумина присуствуваат.‘“ (Ел Исра, 78)»

Meaning translation ·

Explanation

The meaning in a few plain lines

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, појаснил дека наградата и вредноста на намазот што мажот го клања во џемат, зад имамот, е поголема за дваесет и пет намази од наградата кога би клањал сам – било во својот дом или на пазар. Потоа, салаллаху алејхи ве селем, спомнал дека при сабахскиот намаз се собираат мелеците на ноќта и мелеците на денот. А Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, го потврдил ова наведувајќи го следниов ајет како доказ: Цитирајте ако сакате: „...бидејќи на намазот в мугри многумина присуствуваат.“ (Ел Исра, 78) Што значи дека на сабахскиот намаз присуствуваат мелеците на денот и на ноќта.

Source
متفق عليه
Download image

Saved at original quality