Hadith for the World
Tap the image to view it full size
Фикх (исламско право) и методологија на фикхот

Ебу Хурејре, радијаллаху анху, пренесува: Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:

Available in 53 languages
«Ебу Хурејре, радијаллаху анху, пренесува: Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Возвишениот Аллах вели: Секое дело што го прави синот Адемов, му припаѓа нему, освен постот! Навистина, постот е Мој и Јас го наградувам за него. Постот е штит, кога некој од вас пости, нека не зборува простаклаци и нека не го крева гласот, расправајќи се, ако некој го навреди или се степа со него, нека каже: ,Јас постам!‘ Се колнам во Оној во чија рака е душата на Мухамед, здивот од устата на постачот е поубав кај Аллах од мирисот на мошус. Постот има две радости: една кога ќе го заврши постот и друга кога ќе Го сретне својот Господар, и ќе се израдува на својот пост!“»

Meaning translation ·

Explanation

The meaning in a few plain lines

Аллаховиот пратеник, алејхи селам, нè известил дека Возвишениот Аллах, во хадис кудсиј, рекол: „Секое добро дело на потомците Адамови ќе се множи десет до седумстотини пати, освен постот. Аллах вели постот е Мој и во него не се појавува лицемерието, и Јас ќе наградам за него, и само Јас ја знам висината на наградата и умножувањето на човековите добри дела.“ Потоа рече: (А постот е штит) и заштита, перде и силна тврдина која штити од Џехенемот. Затоа што тоа е воздржување од страстите и правење гревови, а Џехенемот е опкружен со страстите. (Па ако е ден кога некој од вас пости, нека не работи или зборува непристојно) ​како што се сексуалниот однос и неговите предуслови, ниту пак со вулгарни зборови. (И нека не го подигнува гласот) во расправии и препирки. (Ако некој го навреди или се кара со него) за време на рамазан, нека каже: „Јас сум постач.“ Можеби ќе престане да го прави тоа, но доколку продолжи да се кара, тогаш ќе се брани според тоа колку е нападнат. Тогаш тој, Аллаховиот мир и спас нека е над него, се заколнал во Оној во чија рака е неговата душа дека промената на миризбата во устата на тој што пости, на Аллах ќе Му биде попријатна на Судниот ден отколку мирисот на мошусот кој го имаме, и ќе имаме поголема награда од користењето на мошусот кој се препорачува во петочниот намаз и на седенките на кои се спомнува Аллах. Тој што пости има две радости: кога го прекинува постот, се радува на престанувањето на гладот ​​и жедта, бидејќи му е дозволено да го прекине постот, и се радува на потполнување на постот и завршувањето на неговиот ибадет, за олеснување од Господарот и помошта да го продолжи неговиот пост. (А кога ќе го сретне Господарот свој, тој му се радува на постот) за неговата награда и добивка.

Source
متفق عليه
Download image

Saved at original quality