Hadith for the World
Tap the image to view it full size
Доблести и манири

Од Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, се пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:

Available in 59 languages
«Од Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, се пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „,Сакате ли да ви укажам на дела преку кои Аллах ги брише гревовите и ги воздигнува степените?‘ Тие одговорија: ,Секако, о Божји пратенику.‘ Тој рече: ,Потполното земање на абдестот и кога е тешко, многубројните чекори до џамиите, и чекањето на намазот по намазот. Тоа е вистинското стражарење на Аллаховиот пат.‘“»

Meaning translation ·

Explanation

The meaning in a few plain lines

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, ги прашал асхабите: „Сакате ли да ви укажам на дела кои се причина за простување на гревовите,за нивното бришење од книгите на писарите и за воздигнување на вашите степени во Џенетот?“ Асхабите одговориле: „Да, сакаме.“ Тогаш тој рекол: Прво: Целосно и внимателно земање на абдестот (ритуалното миење), дури и кога тоа е тешко – како во случаи на студ, недостаток на вода, телесна болка или користење на врела вода. Второ: Бројните чекори при одењето пеш до џамиите, особено кога куќата е оддалечена и постојаното повторување на овој чин. Трето: Чекањето на времето на намазот со срце приврзано кон него, подготвеност за негово извршување, и седењето во џамијата додека се чека намазот во џемат. А по извршувањето на намазот, останување на истото место со намера да се дочека следниот намаз. Потоа, Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, објаснил дека овие дела се вистинското стражарење на Аллаховиот пат. Тие го затвораат патот на шејтанот кон душата, го потчинуваат нефсот и ја спречуваат душата да прифати лоши мисли. Со оваа борба, партијата на Аллах ќе ги надвладее војниците на шејтанот. Ова е најголемиот џихад, кој е на степенот на стражарење на фронтот пред непријателот.

Source
رواه مسلم
Download image

Saved at original quality