ВредностиВредностите на добрите дела
16 hadiths
16 hadiths
Од Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, се пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „,Сакате ли да ви укажам на дела преку кои Аллах ги брише гревовите и ги воздигнува степените?‘ Тие одговорија: ,Секако, о Божји пратенику.‘ Тој рече: ,Потполното земање на абдестот и кога е тешко, многубројните чекори до џамиите, и чекањето на намазот по намазот. Тоа е вистинското стражарење на Аллаховиот пат.‘“رواه مسلم
Абдулах бин Селам, Аллах нека е задоволен со него, раскажува: „Кога Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, пристигна во Медина, луѓето се собраа околу него и велеа: ,Пристигна Божјиот пратеник!‘ – трипати. Потоа и јас отидов заедно со луѓето за да го видам, и кога го здогледав неговото лице, веднаш сфатив дека тоа не може да биде лице на лажливец. Првите зборови што ги слушнав од него беа: ,О луѓе, ширете го селамот, нахранете ги гладните, одржувајте ги роднинските врски и клањајте ноќе додека луѓето спијат – ќе влезете во Џенетот со мир.‘“رواه الترمذي وابن ماجه وأحمد