10 hadiths
Од Ебу Дерда, Аллах нека е задоволен со него, се пренесува дека рекол: Божјиот веровесник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „,Сакате ли да ве известам за најдоброто од вашите дела, најчистото кај вашиот Господар, она што најмногу ги воздигнува вашите степени, кое е подобро од давањето злато и сребро како садака и подобро од тоа да се соочите со вашите непријатели, па да ги удирате по вратовите, а тие да ве удираат по вратовите?‘ Тие рекоа: .Секако!‘ Тој рече: ,Спомнувањето на Возвишениот Аллах.‘“رواه الترمذي وابن ماجه وأحمد
Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, вели: Еднаш, додека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, беше на пат кон Мека, помина покрај една планина наречена Џумдан и рече: „,Продолжете напред, ова е Џумдан. Успеаја оние што се издвојуваат (муферидун).‘
Прашале: ,Кои се тие што се издвојуваат, о Аллахов пратенику?‘ Тој одговорил: ,Тоа се мажите и жените што го спомнуваат Аллах многу.‘“رواه مسلم
Од Ебу Хурејре, радијаллаху анху, се пренесува, дека Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, пренесувајќи од својот Господар рекол: „Кога робот ќе направи грев и ќе рече: ,Аллаху мој, прости ми го мојот грев.', Аллах, Возвишениот вели: ,Мојот роб згрешил и знае дека има Господ Кој ги простува гревовите и казнува за гревовите', потоа пак ќе направи грев и ќе каже: ,Господару, прости ми го гревот', а Аллах, Возвишениот вели: ,Мојот роб згрешил и знае дека има Господ Кој ги простува гревовите и казнува за гревовите', потоа пак ќе направи грев и ќе каже: ,Господару, прости ми го гревот', а Аллах, Возвишениот вели: ,Мојот роб згрешил и знае дека има Господ Кој ги простува гревовите и казнува за гревовите, прави што сакаш, Јас ти ги простив гревовите.'"متفق عليه
Од Абдуллах ибн Амр ибн ел Ас, радијаллаху анху, се пренесува дека го слушнал Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, како вели: „Кога ќе го чуете муезинот, повторете го она што го изговара, а потоа испратене салават врз мене, зашто оној кој ќе испрати еден салават кон мене, Аллах ќе испрати врз него десет салавати.
Потоа, замолете Го Аллах да ми го подари Весилех, зашто тоа е едно посебно место во Џенетот, кое му припаѓа само на еден од Аллаховите робови, и се надевам дека тоа сум јас.
Кој ќе побара Весилех за мене, нему ќе му припадне мојот шефаат.“رواه مسلم
Од Осман ибн Ебул Ас, радијаллаху анху, се пренесува: дека дошол кај Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем, и му рекол:
„,О Аллахов Пратенику, шејтанот се испречува помеѓу мене и мојот намаз и моето читање (Куран), и ми ги меша мислите.‘
Па Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
,Тоа е шејтанот по име Хинзеб. Кога ќе го почувствуваш неговото присуство, побарај заштита кај Аллах од него, и плукни трипати налево (со лесно исфрлување на здив, без плунка).‘“
Осман рекол:
„Па го направив тоа, и Аллах го оддалечи од мене.“رواه مسلم