64 hadiths
Од Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, се пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „,Сакате ли да ви укажам на дела преку кои Аллах ги брише гревовите и ги воздигнува степените?‘ Тие одговорија: ,Секако, о Божји пратенику.‘ Тој рече: ,Потполното земање на абдестот и кога е тешко, многубројните чекори до џамиите, и чекањето на намазот по намазот. Тоа е вистинското стражарење на Аллаховиот пат.‘“رواه مسلم
Од Ебу Дерда, Аллах нека е задоволен со него, се пренесува дека рекол: Божјиот веровесник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „,Сакате ли да ве известам за најдоброто од вашите дела, најчистото кај вашиот Господар, она што најмногу ги воздигнува вашите степени, кое е подобро од давањето злато и сребро како садака и подобро од тоа да се соочите со вашите непријатели, па да ги удирате по вратовите, а тие да ве удираат по вратовите?‘ Тие рекоа: .Секако!‘ Тој рече: ,Спомнувањето на Возвишениот Аллах.‘“رواه الترمذي وابن ماجه وأحمد
Од Ебу Сеид ел Худри и од Ебу Хурејре, радијаллаху анхума, се пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Верникот кој ќе биде погоден од болест, неволја, грижа, тага, слабост или болка, дури и трнот со кој ќе се боцне, Аллах, Возвишениот, поради тоа ќе му ги прости гревовите.“متفق عليه
Од Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, се пренесува дека веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „,Понижен е, понижен е, понижен е!‘ Прашале: ,Кој, о Аллахов пратенику?‘ Одговорил: ,Оној кој ќе ја дочека староста на своите родители, едниот или обајцата, и покрај тоа нема да влезе во Џенетот.‘“رواه مسلم
Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, вели: Еднаш, додека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, беше на пат кон Мека, помина покрај една планина наречена Џумдан и рече: „,Продолжете напред, ова е Џумдан. Успеаја оние што се издвојуваат (муферидун).‘
Прашале: ,Кои се тие што се издвојуваат, о Аллахов пратенику?‘ Тој одговорил: ,Тоа се мажите и жените што го спомнуваат Аллах многу.‘“رواه مسلم