MK
Вредности
Вредноста на довата
5 hadiths
Вредноста на знаењето
8
Вредноста на тевхидот
4
Вредностите на Благородниот Куран
5
Вредноста на доброчинството кон родителите
3
Вредноста на одржувањето на роднинските врски
1
فضائل آل البيت رضي الله عنهم
4
Вредностите на добрите дела
16
Вредностите на зикрот
10
Вредноста на довата
5
Вредностите на делата на срцето
4
Вредностите на телесните дела
6
5 hadiths
Од Уму Дерда и Ебу Дерда, Аллах нека е задоволен со нив, се пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, велел: „Довата на муслиманот за неговиот брат, во негово отсуство, е прифатена. Кај неговата глава стои мелек задолжен за тоа; секогаш кога тој ќе замоли добро за својот брат, задолжениот мелек вели: ,Амин, и за тебе исто така.’“
رواه مسلم
Нуман бин Бешир, радијаллаху анху, рекол: Го слушнав Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како вели: „Довата е ибадет", потоа го рецитираше ајетот: „И кажа вашиот Господар: Молете Ми се а Јас ќе ви се одѕвијам, тие што се горделиви од упатување дова до Мене, ќе влезат во Џехенем понижени." (Гафир: 60).
رواه أبو داود والترمذي وابن ماجه وأحمد
Ебу Хурејре, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Кај Аллах нема ништо повредно од довата."
رواه الترمذي وابن ماجه وأحمد
Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Кога ќе умре човекот, неговите дела престануваат, освен во три случаи: трајната садака, знаењето од кое луѓето имаат корист по него или добродетелното дете кое прави дова за него.“
رواه مسلم
عن أبي هريرة أن رسول الله صلى الله عليه وسلم ذكر يوم الجمعة، فقال: «فيه ساعة، لا يوافقها عبدٌ مسلمٌ، وهو قائم يصلي، يسأل الله تعالى شيئًا، إلا أعطاه إياه» وأشار بيده يقللها.
متفق عليه