Ибн Абас, Аллах нека е задоволен со него и неговиот татко, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
Available in 60 languages
«Ибн Абас, Аллах нека е задоволен со него и неговиот татко, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Аллах за мојот умет преминал (нема да ги земе на одговорност) преку грешката, заборавот и она на што биле присилени.“»
Meaning translation ·
Explanation
The meaning in a few plain lines
Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, појаснил дека Аллах му простил на неговиот умет во три ситуации: Прво: при грешка – кога човекот направил нешто без намера; кога со своето дело сакал да постигне едно, но резултатот излегол спротивен на намерата. Второ: при заборав – кога човекот бил свесен за нешто, но во моментот на делото го заборавил; и во таков случај за него нема грев. Трето: при присила – кога човекот е принуден на нешто што не го сака и нема можност да ја отстрани таа принуда. Тогаш за него нема ниту грев ниту укор. Сепак, треба да се напомене дека хадисот се однесува на односот меѓу човекот и неговиот Господар во поглед на правењето нешто што е забрането. Но, ако човек поради заборав пропушти да изврши наредба – таа обврска не се укинува. Исто така, ако по грешка предизвика штета кон друг човек, неговото право не пропаѓа. На пример: ако некој по грешка убие човек – должен е да плати крварина; или ако по грешка оштети нечие возило – должен е да ја надомести штетата.