TopicАкида (исламско верување)
135 hadiths
135 hadiths
Енес, Аллах нека е задоволен со него, раскажува: Еден човек го праша Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем: „,Кога ќе настапи Часот (Судниот ден)?‘ Тој му одговори: ,А што си подготвил за него?‘ Човекот рече: ,Ништо, освен што го сакам Аллах и Неговиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем.‘ Тогаш пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, му рече: ,Ќе бидеш со оној кого го сакаш.‘
Енес вели: ,Ништо не нѐ израдува толку, колку зборовите на пратеникот, салаллаху алејхи ве селем: Ќе бидеш со оној кого го сакаш.‘
Потоа додаде: ,Го сакам пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, Ебу Бекр и Омер, и се надевам дека ќе бидам со нив поради мојата љубов кон нив, иако не ги достигнав нивните дела.‘“متفق عليه
Од Зејнеб бинт Џехш, Аллах нека е задоволен со неа, се пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, дошол кај неа вознемирен и рекол: „,Нема друг бог освен Аллах! Тешко на Арапите од злото што им се приближило! Денес е отворен дел од преградата на Јеџуџ и Меџуџ, во големина како ова.‘ – и со прстите формирал круг, спојувајќи го палецот со показалецот.
Тогаш Зејнеб бинт Џехш прашала: ,О, Божји пратенику, зарем ќе бидеме уништени иако меѓу нас има добри луѓе?‘
Тој одговорил: ,Да, кога ќе се рашири расипаноста.‘“متفق عليه
Ибн Абас, Аллах нека е задоволен со него и со неговиот татко, раскажува: Му реков на Ата бин ебу Рабах: „Сакаш ли да ти покажам една жена од жителите на Џенетот?“ Тој рече: „Сакам.“
Ибн Абас рече: „Оваа црна жена. Таа дојде кај Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, и рече: ,Ми се случуваат напади (паѓам во бесвест), и тогаш ми се открива телото. Замоли Го Аллах за мене.‘
Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, ѝ рече: ,Ако сакаш, биди трпелива, и ќе го добиеш Џенетот. А ако сакаш, ќе се помолам Аллах да те излекува.‘
Таа рече: ,Ќе бидам трпелива. Но, кога ќе имам напад, телото ми се открива – замоли Го Аллах да не се откривам.‘
Тогаш Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, се помоли за неа.“متفق عليه
Ебу Хурејре, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Навистина, најтешки намази за мунафиците се јација намазот и сабах намазот, но кога би знаеле какво (добро) има во нив, би доаѓале дури и ползејќи, и навистина, размислував да наредам намазот да се воспостави, па да назначам човек кој ќе им биде имам на луѓето, а потоа да отидам со луѓе кои носат снопови дрва до оние кои не присуствуваат на намазот, па да им ги запалам нивните куќи.“متفق عليه