TopicАкида (исламско верување)
135 hadiths
135 hadiths
Од Махмуд бин Лебид, радијаллаху анху, се пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „,Најмногу се плашам за вас од малиот ширк?‘. Присутните прашаа: ,А што е тоа мал ширк, о, Аллахов пратенику?‘ Тој одговори: ,Преправањето!, на Судниот ден, кога ќе им суди на луѓето според нивните дела, Возвишениот Аллах ќе им рече: Одете кај оние за кои се преправавте и видете дали ќе ви дадат некаква награда.‘“رواه أحمد
Од Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, се пренесува дека рекол: „Некој праша: О, Аллахов пратенику, кој ќе биде најсреќен со твоето застапување на Судниот ден?' Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, одговори: ,Како што и помислив, о Ебу Хурејре, дека никој нема да ме праша за ова пред тебе, поради твојата желба за хадисите. Најсреќен со моето застапување на Судниот ден ќе биде оној кој искрено од срце или душа ќе рече: Нема друг вистински бог освен Аллах.’“رواه البخاري
Се пренесува дека Абдулах ибн Месуд, радијаллаху анху, рекол: Аллаховиот пратеник, алејхи селам, искажа нешто, а и јас кажав. Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, кажа: „Кој ќе умре правејќи Му ширк на Аллах, ќе влезе во Џехенемот“, а јас додадов: „Кој ќе умре неправејќи му ширк на Аллах, ќе влезе во Џенетот.“متفق عليه
Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Возвишениот Аллах вели: ,Јас постапувам со Мојот роб според тоа како тој мисли за Мене, и Јас сум со него кога Ме спомнува. Ако Ме спомне во себе, и Јас ќе го спомнам во Себе. Ако Ме спомне во друштво, и Јас ќе го спомнам во друштво подобро од тоа. Ако Ми се приближи за една педа, Јас ќе Му се приближам за еден лакт. Ако Ми се приближи за еден лакт, Јас ќе Му се приближам за еден распон. Ако Ми дојде одејќи, Јас ќе Му дојдам трчајќи.‘“متفق عليه
Од Ебу Зер, радијаллаху анху, се пренесува: Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, пренесува од Возвишениот Аллах дека рекол:„О робови Мои, Јас Самиот Себеси си ја забранив неправдата, и ја забранив меѓу вас, затоа не бидете неправедни меѓусебно. О робови Мои, сите сте во заблуда освен тие кои ги упатив, затоа барајте од Мене упатство, па ќе ве упатам. О робови Мои, сите сте гладни, освен оној кого Јас ќе го нахранам, затоа побарајте од Мене да ве нахранам, и Јас ќе ве нахранам. О робови Мои, сите сте необлечени, освен оној што Јас го облекувам, затоа побарајте од Мене да ве облечам, и Јас ќе ве облечам. О робови Мои, вие грешите и дење и ноќе, а Јас сум Тој кој ги простува сите гревови, затоа барајте од Мене да ви простам, и Јас ќе ви простам. О робови Мои, никогаш не можете да смислите нешто што ќе Ми нанесе штета, а потоа да Ми ја направите, ниту пак можеш да смислите нешто што ќе Ми донесе корист, па да Ми ја направите. О робови Мои, кога сите луѓе и џини, од првиот до последниот, би биле богобојазливи како најбогобојазливиот меѓу вас, тоа воопшто не би ја зголемило Мојата власт. О робови Мои, кога сите луѓе и џини, од првиот до последниот, би биле грешници како најрасипаниот меѓу вас, тоа нема да ја намали Мојата власт! О робови Мои, ако сите луѓе и џини, од првиот до последниот, се соберат на едно место и од Мене бараат сè што ќе посакат, а потоа на секој од нив да му го дадам она што го побарал, тоа нема да го намали она што го поседувам. Ни толку колку што игла натопена во морето би ја намалила водата! О робови Мои, вашите дела се најбитни, сѐ е сочувано кај Мене и Јас ќе наградам според направеното. Затоа, кој ќе најде добро и награда, нека Му се заблагодари на Аллах, а кој ќе најде казна и зло, да не обвинува никого освен себеси.رواه مسلم
Од Ибн Абас, радијаллаху анху, се пренесува: Еден ден бев зад Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, па ми рече: „Момче, ќе те научам со овие зборови: Чувај го Аллах и Тој тебе ќе те чува, Чувај го Аллах, па секогаш ќе Го најдеш пред себе. Кога бараш, барај од Аллах. Кога бараш помош, побарај ја од Аллах.И знај дека кога сите луѓе би се собрале за да ти направат дури и најмала корист, не би можеле ништо освен она што Аллах ти го одредил и го пропишал. И кога би се собрале да ти наштетат со нешто, нема да можат да ти наштетат освен онолку колку што Аллах одредил и напишал. Перото на судбината е кренато и листовите на страниците се осушени.رواه الترمذي
Се пренесува од Ебу Хурејре, радијаллаху анху, дека Аллаховиот пратеник, алејхи селам, рекол: „Сите од мојот умет ќе влезат во Џенетот, освен тие што ќе го одбијат тоа. Го прашаа: О, Аллахов пратенику, а кој ќе го одбие тоа?' Тој одговори: ,Кој ќе ми се покори, ќе влезе во Џенетот, а тој што ќе ми биде непокорен, таквиот одбил.'".رواه البخاري