8 hadiths
Ибн Абас, Аллах нека е задоволен со него и со неговиот татко, раскажува: Му реков на Ата бин ебу Рабах: „Сакаш ли да ти покажам една жена од жителите на Џенетот?“ Тој рече: „Сакам.“
Ибн Абас рече: „Оваа црна жена. Таа дојде кај Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, и рече: ,Ми се случуваат напади (паѓам во бесвест), и тогаш ми се открива телото. Замоли Го Аллах за мене.‘
Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, ѝ рече: ,Ако сакаш, биди трпелива, и ќе го добиеш Џенетот. А ако сакаш, ќе се помолам Аллах да те излекува.‘
Таа рече: ,Ќе бидам трпелива. Но, кога ќе имам напад, телото ми се открива – замоли Го Аллах да не се откривам.‘
Тогаш Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, се помоли за неа.“متفق عليه
Од Ибн Абас, радијаллаху анху, се пренесува: Еден ден бев зад Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, па ми рече: „Момче, ќе те научам со овие зборови: Чувај го Аллах и Тој тебе ќе те чува, Чувај го Аллах, па секогаш ќе Го најдеш пред себе. Кога бараш, барај од Аллах. Кога бараш помош, побарај ја од Аллах.И знај дека кога сите луѓе би се собрале за да ти направат дури и најмала корист, не би можеле ништо освен она што Аллах ти го одредил и го пропишал. И кога би се собрале да ти наштетат со нешто, нема да можат да ти наштетат освен онолку колку што Аллах одредил и напишал. Перото на судбината е кренато и листовите на страниците се осушени.رواه الترمذي
Ебу Хурејре, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Силниот верник е подобар и подраг кај Аллах од слабиот верник, а во двајцата има добро. Стреми се кон она што ќе ти користи и барај помош од Аллах во тоа, и не покажувајте немоќ. Ако те снајде нешто, не вели: ,Да направев така и така, ќе беше така и така‘, туку кажи: ,Тоа е Аллахова одредба и Тој прави што сака‘, бидејќи со зборовите ,да направев‘ му се отвора можност на шејтанот да делува.“رواه مسلم