Hadith for the World
Верувањето во Аллаховата предодредба (кадер)

Степени на Аллаховата одредба и предодредување

2 hadiths

2 hadiths

Од Ибн Абас, радијаллаху анху, се пренесува: Еден ден бев зад Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, па ми рече: „Момче, ќе те научам со овие зборови: Чувај го Аллах и Тој тебе ќе те чува, Чувај го Аллах, па секогаш ќе Го најдеш пред себе. Кога бараш, барај од Аллах. Кога бараш помош, побарај ја од Аллах.И знај дека кога сите луѓе би се собрале за да ти направат дури и најмала корист, не би можеле ништо освен она што Аллах ти го одредил и го пропишал. И кога би се собрале да ти наштетат со нешто, нема да можат да ти наштетат освен онолку колку што Аллах одредил и напишал. Перото на судбината е кренато и листовите на страниците се осушени.رواه الترمذي
Абдулах бин Амр бин ел Ас, Аллах нека е задоволен со него, рекол: Го слушнав Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како вели: „Аллах ја запишал одредбата на сите суштества 50.000 години пред да ги создаде небесата и земјата, а Неговиот Арш - престол беше на водата.“رواه مسلم