Hadith for the World
Tap the image to view it full size
Акида (исламско верување)

Ебу Хурејре, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:

Available in 60 languages
«Ебу Хурејре, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Силниот верник е подобар и подраг кај Аллах од слабиот верник, а во двајцата има добро. Стреми се кон она што ќе ти користи и барај помош од Аллах во тоа, и не покажувајте немоќ. Ако те снајде нешто, не вели: ,Да направев така и така, ќе беше така и така‘, туку кажи: ,Тоа е Аллахова одредба и Тој прави што сака‘, бидејќи со зборовите ,да направев‘ му се отвора можност на шејтанот да делува.“»

Meaning translation ·

Explanation

The meaning in a few plain lines

Аллаховиот пратеник, алејхи селам, ни појаснува дека секој верник е добар и корисен. Меѓутоа, силен верник во поглед на верувањето, решителноста, имотната состојба и другите аспекти на сила е подобар и помил кај Аллах од послабиот верник. Пратеникот, алејхи селам, потоа ни објаснува дека верникот треба да го прави и да го преземе она што му користи на двата света, дека треба да се потпира на Аллах, Возвишениот, и да бара помош од Него. После тоа, ни забрани да бидеме мрзеливи, слаби и тромави кога треба да го правиме она што ни користи и во двата света. Кога верникот го прави она што е во негова моќ, според условите, и бара помош и секое добро од Аллах, не му останува ништо друго освен да се потпре на Него. Тој знае дека во секој случај, изборот на Аллах е најдобриот. А ако потоа му се случи некое искушение, немој да каже: „Ако јас направев вака, ќе се случеше вака.“ „Навистина, зборовите ,Ако јас‘ ја отвораат можноста за дејствување на шејтанот и претставуваат спротивставување на Аллаховиот кадер и жалење за она што поминало. Тој, со целосна предаденост и задоволство, треба да каже: Аллах така одредил и се случи како Тој сакаше.“ Што и да му се случи, ќе му се случи она кое го одредил Аллах. Тој прави што сака и никој не може да Му се спротивстави во Неговите одредби и прописи.

Source
رواه مسلم
Download image

Saved at original quality