Ебу Дерда, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
Available in 49 languages
«Ебу Дерда, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Кој ќе научи напамет десет ајети од почетокот на сурата Ел-Кехф, ќе биде заштитен од Деџалот.“ Во друга верзија стои: „...од крајот на сурата Ел-Кехф.“»
Meaning translation ·
Explanation
The meaning in a few plain lines
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, известил дека оној што ќе научи напамет десет ајети од почетокот на сурата Ел-Кехф, ќе биде заштитен, сочуван и спасен од искушението на Месихот Деџал (лажниот месија) – кој ќе се појави на крајот од времето и ќе тврди дека е божество.
Искушението што тој ќе го донесе е најголемото што некогаш ќе го снајде човештвото – од времето на Адем, алејхи селам, па сè до Судниот ден – поради натприродните дела што Аллах ќе му дозволи да ги изведе, со кои ќе ги заведува луѓето.
Знаејќи дека во првите ајети од сурата Ел-Кехф се содржани чуда и Божји знаци што се повозвишени и посилни од она со што Деџалот ќе ги мами луѓето, секој оној што ќе размислува за тие ајети – нема да потпадне под неговото влијание. Во друга верзија на хадисот се вели: „...десет ајети од крајот на сурaта“, почнувајќи од зборовите на Возвишениот: „Зарем неверниците мислат дека, покрај Мене, за богови можат да ги земаат робовите Мои? Ние, навистина, за престојувалиште на неверниците им го подготвивме Џехенемот.“