TopicБлагородниот Куран и куранските науки
26 hadiths
26 hadiths
Ебу Муса ел Ешариј, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Верникот кој го рецитира Куранот е како цитрусот – мирисот му е убав и вкусот му е пријатен, а верникот кој не чита Куран е како урмата – нема мирис, но неговиот вкус е убав и сладок. Лицемерот кој го рецитира Куранот е како босилекот, чиј мирис е убав, а вкусот горчлив, и лицемерот кој не го чита Куранот е како дива тиквата (колоцинт), нема мирис, а вкусот му е горчлив.“متفق عليه
Од Абдулах бин Месуд, радијаллаху анху, се пренесува: Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Кој ќе проучи харф - буква од Аллаховата Книга, ќе има добро дело, за кое ќе биде десетократно награден. Јас не велам дека ,Елиф-лам-мим‘ е еден харф, туку ,елиф‘ е харф, ,лам‘ е харф и ,мим‘ е харф.“رواه الترمذي
Ебу Умаме ел-Бахили, Аллах нека е задоволен со него, рекол:
„Го слушнав Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како вели: ,Читајте го Куранот, зашто на Судниот ден тој ќе дојде како застапник за тие што го читале. Читајте ги двете светлини – Ел Бекаре и Али Имран – бидејќи на Судниот ден ќе дојдат како два облака, или две сенки, или две групи птици со раширени крилја, застапувајќи се за оние што ги читале. Читајте ја сурaта Ел-Бекаре, затоа што нејзиното изучување носи благослов, а нејзиното напуштање е загуба, а маѓепсниците не можат да ѝ се спротивстават.‘“رواه مسلم
Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Часот нема да настапи додека Сонцето не изгрее од запад. Кога ќе изгрее од запад и луѓето ќе го видат, сите ќе поверуваат. Но тоа е времето кога: „...некои предзнаци од Господарот твој ќе дојдат, на ниту еден човек нема да му биде од корист тоа што тогаш ќе верува, ако претходно не верувал или ако не сторил, како верник, некакво добро." (Ел Енам, 158) Часот ќе настапи, а двајца мажи ќе ги изложат своите алишта за купопродажба, но нема да успеат ниту да ги продадат ниту повторно да ги земат. Часот ќе настапи и човекот ќе се враќа со млеко од својата камила, но нема да успее да се напие. Часот ќе настапи и човек го поправа својот базен, но нема да успее да го наполни со вода. Часот ќе настапи додека човек ќе ја подигне својата храна до устата, но нема да стигне да ја изеде.“متفق عليه