Hadith for the World
Tap the image to view it full size
Благородниот Куран и куранските науки

Ебу Умаме ел-Бахили, Аллах нека е задоволен со него, рекол: „Го слушнав Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како вели:

Available in 38 languages
«Ебу Умаме ел-Бахили, Аллах нека е задоволен со него, рекол: „Го слушнав Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како вели: ,Читајте го Куранот, зашто на Судниот ден тој ќе дојде како застапник за тие што го читале. Читајте ги двете светлини – Ел Бекаре и Али Имран – бидејќи на Судниот ден ќе дојдат како два облака, или две сенки, или две групи птици со раширени крилја, застапувајќи се за оние што ги читале. Читајте ја сурaта Ел-Бекаре, затоа што нејзиното изучување носи благослов, а нејзиното напуштање е загуба, а маѓепсниците не можат да ѝ се спротивстават.‘“»

Meaning translation ·

Explanation

The meaning in a few plain lines

Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, поттикнал на редовно читање на Куранот, бидејќи тој на Судниот ден ќе се заземе за оние што го читаат и се придржуваат кон неговите упатства. Посебно ја истакнал вредноста на сурите Ел Бекаре и Али Имран, нарекувајќи ги „двете светлини“ поради нивната светлина и упатство. Нивната награда и корист – преку читањето, размислувањето за нивните значења и постапувањето според нивните прописи – на Судниот ден ќе дојдат како два облака или слично на нив, или како две групи птици со раширени крилја што се надоврзуваат една на друга, правејќи сенка за, и бранејќи го оној што ги читал. Потоа, салаллаху алејхи ве селем, уште еднаш ја нагласил важноста на постојаното читање на сурaта Ел Бекаре, нејзиното разбирање и примена на нејзините упатства, истакнувајќи дека тоа носи голем благослов и корист и на овој свет и на Ахиретот. Напуштањето на оваа сура е причина за загуба и жалење на Судниот ден, а меѓу нејзините посебни вредности е и тоа што маѓепсниците не можат да му наштетат на оној што ја чита.

Source
رواه مسلم
Download image

Saved at original quality