Hadith for the World
Tap the image to view it full size
Благородниот Куран и куранските науки

Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:

Available in 70 languages
«Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Часот нема да настапи додека Сонцето не изгрее од запад. Кога ќе изгрее од запад и луѓето ќе го видат, сите ќе поверуваат. Но тоа е времето кога: „...некои предзнаци од Господарот твој ќе дојдат, на ниту еден човек нема да му биде од корист тоа што тогаш ќе верува, ако претходно не верувал или ако не сторил, како верник, некакво добро." (Ел Енам, 158) Часот ќе настапи, а двајца мажи ќе ги изложат своите алишта за купопродажба, но нема да успеат ниту да ги продадат ниту повторно да ги земат. Часот ќе настапи и човекот ќе се враќа со млеко од својата камила, но нема да успее да се напие. Часот ќе настапи и човек го поправа својот базен, но нема да успее да го наполни со вода. Часот ќе настапи додека човек ќе ја подигне својата храна до устата, но нема да стигне да ја изеде.“»

Meaning translation ·

Explanation

The meaning in a few plain lines

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, известува дека еден од големите предзнаци на Часот е кога Сонцето ќе изгрее од запад наместо од исток. Кога луѓето ќе го видат тоа, сите ќе поверуваат, но во тој момент, на неверникот нема да му користи верувањето, ниту добрите дела, ниту покајанието. Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, исто така, известува дека Часот ќе настапи ненадејно, додека луѓето се занимаваат со своите секојдневни активности. Часот ќе настапи во време додека продавачот и купувачот ги изложуваат алиштата за купопродажба, но нема да успеат ниту да ги продадат ниту да повторно ги соберат. Часот ќе настапи додека човекот го земе (измолзе) млекото од својата камила, но нема да успее да се напие. Часот ќе настапи додека човекот го поправа својот базен/резервоар и го полни со вода, но нема да успее да го наполни. Часот ќе настапи додека човекот ја подига својата храна кон устата, но нема да успее да ја изеде.

Source
متفق عليه
Download image

Saved at original quality