Hadith for the World
Благородниот Куран и куранските науки

Тефсир - толкување на Куранот

2 hadiths

2 hadiths

Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Часот нема да настапи додека Сонцето не изгрее од запад. Кога ќе изгрее од запад и луѓето ќе го видат, сите ќе поверуваат. Но тоа е времето кога: „...некои предзнаци од Господарот твој ќе дојдат, на ниту еден човек нема да му биде од корист тоа што тогаш ќе верува, ако претходно не верувал или ако не сторил, како верник, некакво добро." (Ел Енам, 158) Часот ќе настапи, а двајца мажи ќе ги изложат своите алишта за купопродажба, но нема да успеат ниту да ги продадат ниту повторно да ги земат. Часот ќе настапи и човекот ќе се враќа со млеко од својата камила, но нема да успее да се напие. Часот ќе настапи и човек го поправа својот базен, но нема да успее да го наполни со вода. Часот ќе настапи додека човек ќе ја подигне својата храна до устата, но нема да стигне да ја изеде.“متفق عليه
Енес бин Малик, Аллах нека е задоволен со него, раскажува: Кога беше објавен ајетот: „Ние ќе ти дадеме да победиш со јасна победа..." до Неговите зборови: „...а тоа кај Аллах е голем успех.“ (Ел-Фетх, 1–5) – тоа беше при враќањето од Худејбија, кога муслиманите беа обземени од тага и разочараност, а Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, веќе го беше заклал курбанот таму, во Худејбија. Тогаш рече: „Објавен ми е ајет што ми е подрагоцен од целиот свет и сè што е на него.“رواه مسلم