19 hadiths
Ебу Муса ел Ешариј, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Верникот кој го рецитира Куранот е како цитрусот – мирисот му е убав и вкусот му е пријатен, а верникот кој не чита Куран е како урмата – нема мирис, но неговиот вкус е убав и сладок. Лицемерот кој го рецитира Куранот е како босилекот, чиј мирис е убав, а вкусот горчлив, и лицемерот кој не го чита Куранот е како дива тиквата (колоцинт), нема мирис, а вкусот му е горчлив.“متفق عليه
Од Абдулах бин Месуд, радијаллаху анху, се пренесува: Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Кој ќе проучи харф - буква од Аллаховата Книга, ќе има добро дело, за кое ќе биде десетократно награден. Јас не велам дека ,Елиф-лам-мим‘ е еден харф, туку ,елиф‘ е харф, ,лам‘ е харф и ,мим‘ е харф.“رواه الترمذي
Ебу Умаме ел-Бахили, Аллах нека е задоволен со него, рекол:
„Го слушнав Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како вели: ,Читајте го Куранот, зашто на Судниот ден тој ќе дојде како застапник за тие што го читале. Читајте ги двете светлини – Ел Бекаре и Али Имран – бидејќи на Судниот ден ќе дојдат како два облака, или две сенки, или две групи птици со раширени крилја, застапувајќи се за оние што ги читале. Читајте ја сурaта Ел-Бекаре, затоа што нејзиното изучување носи благослов, а нејзиното напуштање е загуба, а маѓепсниците не можат да ѝ се спротивстават.‘“رواه مسلم