TopicАкида (исламско верување)
135 hadiths
135 hadiths
Од Абдулах ибн Месуд, радијаллаху анху, се пренесува дека рекол: „Го прашав Аллаховиот Пратеник, алејхи селам: ,Кој е најголемиот грев кај Аллах?‘ Тој одговори: ,На Аллах да му припишеш здруженик, а Тој те создал‘, реков: ,Навистина е голем грев.‘, и додадов: ,А кој е најголемиот грев после него?‘ Тој рече: ,Да го убиеш своето чедо, плашејќи се од сиромаштија.‘ Пак прашав: ,А по него?‘, а тој одговори: ,Да направиш блуд со жената на соседот.‘“متفق عليه
Ебу Хурејре, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Силниот верник е подобар и подраг кај Аллах од слабиот верник, а во двајцата има добро. Стреми се кон она што ќе ти користи и барај помош од Аллах во тоа, и не покажувајте немоќ. Ако те снајде нешто, не вели: ,Да направев така и така, ќе беше така и така‘, туку кажи: ,Тоа е Аллахова одредба и Тој прави што сака‘, бидејќи со зборовите ,да направев‘ му се отвора можност на шејтанот да делува.“رواه مسلم
Џерир ибн Абдулах, радијаллаху анху, вели: „Бевме кај Веровесникот, алејхи селам, и тој погледна во Месечината, а беше ноќ со полна месечина, па рече: ,Навистина ќе го видите вашиот Господ како што ја гледате оваа Месечина и нема да ви претставува мака да Го видите, па ако можете да не ја пропуштите молитвата пред изгрејсонце (сабах) и пред зајдисонце (икиндија), направете го тоа,‘ потоа го цитирал ајетот: ,...и величај Го Господарот свој и заблагодарувај Му се пред Сонцето да излезе и пред да зајде.‘“ (Каф: 39)متفق عليه
Ебу Муса, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Семоќниот Аллах му дава рок на неправедникот, но кога ќе го фати нема да може да избега. Потоа, Пратеникот го рецитирал ајетот: ,Ете така Господарот твој казнува кога казнува села и градови кои правеле насилства, Тој ги казнува, навистина, болно и страшно.‘“ [Худ: 102].متفق عليه
Ебу Хурејре, радијаллаху анху, вели: Аллаховиот Пратеник рекол: „Аллах, Возвишениот, рекол: ,На оној што го вознемирува мојата евлија (штитеник) – му објавувам војна, а ниеден Мој роб нема да ми се приближи повеќе отколку со исполнување на обврските кои Му ги наредив. И Мојот слуга нема да престане да Ми се доближува со доброволни дела сè додека не го засакам, а кога ќе го засакам, ќе му станам слух со кој слуша, неговиот вид со кој гледа, неговата рака со која зема, неговата нога со која оди. Ако побара, ќе му дадам, а ако бара заштита од Мене, ќе го заштитам. Никогаш не сум се двоумел повеќе за нешто дали да го направам, како што го правам кога му ја земам душата на верникот, бидејќи тој не ја сака смртта, а Јас не сакам да го вознемирам.‘“رواه البخاري
Од Адиј бин Хатим, Аллах нека е задоволен со него, се пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Со секој вас, Аллах ќе зборува без преведувач кој ќе посредува. Тогаш, човекот ќе погледне на десната страна и ќе го види само она што го направил, па ќе погледне на левата страна и ќе го види само она што го направил, ќе погледне пред себе и ќе го види само Огнот пред своето лице. Затоа, одбранете се од Огнот, макар и со половина урма.“متفق عليه