40 hadiths
Ебу Хурејре, радијаллаху анху, пренесува: Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Возвишениот Аллах вели: Секое дело што го прави синот Адемов, му припаѓа нему, освен постот! Навистина, постот е Мој и Јас го наградувам за него. Постот е штит, кога некој од вас пости, нека не зборува простаклаци и нека не го крева гласот, расправајќи се, ако некој го навреди или се степа со него, нека каже: ,Јас постам!‘ Се колнам во Оној во чија рака е душата на Мухамед, здивот од устата на постачот е поубав кај Аллах од мирисот на мошус. Постот има две радости: една кога ќе го заврши постот и друга кога ќе Го сретне својот Господар, и ќе се израдува на својот пост!“متفق عليه
Ибн Абас, Аллах нека е задоволен со него, раскажува: „Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, беше најдарежливиот човек во правењето добро, а неговата дарежливост беше најизразена во месецот рамазан, кога Џибрил, алејхи селам, го посетуваше. Џибрил го посетуваше секоја ноќ сè додека месецот не завршеше, а Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, му го изложуваше Куранот. Кога Џибрил, алејхи селам, ќе го посетеше, Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, стануваше подарежлив и од ветерот што носи благодати.“متفق عليه