10 hadiths
Ибн Абас, Аллах нека е задоволен со него и со неговиот татко, раскажува: Му реков на Ата бин ебу Рабах: „Сакаш ли да ти покажам една жена од жителите на Џенетот?“ Тој рече: „Сакам.“
Ибн Абас рече: „Оваа црна жена. Таа дојде кај Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, и рече: ,Ми се случуваат напади (паѓам во бесвест), и тогаш ми се открива телото. Замоли Го Аллах за мене.‘
Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, ѝ рече: ,Ако сакаш, биди трпелива, и ќе го добиеш Џенетот. А ако сакаш, ќе се помолам Аллах да те излекува.‘
Таа рече: ,Ќе бидам трпелива. Но, кога ќе имам напад, телото ми се открива – замоли Го Аллах да не се откривам.‘
Тогаш Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, се помоли за неа.“متفق عليه
Ебу Сеид ел-Худри, Аллах нека е задоволен со него, раскажува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, излегол на денот на курбанскиот или рамазанскиот бајрам на местото каде што се извршувал намазот на отворено. Поминал покрај жените и им рекол: „,О жени, давајте садака/милосрдие, бидејќи ми беше покажано дека повеќето жители на Џехенемот сте вие.‘
Тие го прашаа: ,А зошто, о Божји пратенику?‘
Тој одговори: ,Затоа што многу проколнувате и не сте благодарни на вашите сопрузи. Не сум видел никого со помал разум и вера кој би можел да му го одземе разборот на разумен маж повеќе од една од вас.‘
Тие прашаа: ,Во што се состои нашиот недостаток во разумот и верата, о Божји пратенику?‘
Тој рече: ,Не ли сведоштвото на жената е половина од сведоштвото на мажот?‘
Тие одговорија: ,Да.‘
Тој рече: ,Тоа е поради намалувањето на нејзиниот разум. И не ли кога има менструација, не клања и не пости?‘
Тие одговорија: ,Да.‘
Тој рече: ,Тоа е поради намалувањето на нејзината вера.‘“متفق عليه