Hadith for the World
Tap the image to view it full size
Фикх (исламско право) и методологија на фикхот

Укбе бин Амир, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем рекол:

Available in 54 languages
«Укбе бин Амир, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем рекол: „Пазете се од влегувањето кај жените“. Еден човек од енсарите рече: „О, Аллахов Пратенику, што мислиш за братот на сопругот?“ Тој рече: „Тој е смрт“.»

Meaning translation ·

Explanation

The meaning in a few plain lines

Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, предупредил од мешањето со туѓи жени и рекол: Пазете се да не влегувате кај жени (кои ни се туѓи) и жени да не влегуваат кај вас. Еден човек од енсарите рече: Што мислиш за роднините на мажот? Такви се братот на сопругот, синот на братот, чичкото, синот на чичко, синот на сестра и слично, со кои таа смее да се омажи, да не беше мажена. Тој, саллаллаху алејхи ве селлем, рече: Пазете се од него како што би се чувале од смртта! Бидејќи изолираноста со роднината на сопругот води до искушение и девијација на верата, поважно е на роднините на сопругот, освен неговите татковци и синови, да им се забрани влез отколку на странците, бидејќи, осамувањето со роднината на мажот е почеста отколку што е тоа со некој друг, и поверојатно е злото да дојде од таму отколку од некој друг, а и искушението од него е поверојатно; заради поголема можност да биде во друштво на жената и да биде сам со неа, а тоа да не биде осудено, како и заради одредена потреба, и не може да се спречи тоа. Братот на мажот често останува сам со жената на својот брат; и тоа се опишува како смрт во однос на грдотијата и штетноста, за разлика од туѓинец, од кого се внимава.

Source
متفق عليه
Download image

Saved at original quality