56 hadiths
Од Ебу Бекрех, радијаллаху анху, се пренесува дека рекол: „Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, кажал: ,Дали сакате да ве известам за најголемите гревови?‘ – го повтори ова трипати. Тие (асхабите) рекоа: ,Секако, о Аллахов Пратенику.‘ Рече: ,Да сметаме некого рамен на Аллах (ширк) и непочитувањето на родителите.‘ Потоа седна, а пред тоа беше потпрен, и додаде: ,И лажниот говор.‘ Продолжи да го повторува ова толку многу пати што рековме: Би сакале да престане.‘“متفق عليه
Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Избегнувајте ги седумте гревови кои предизвикуваат пропаст.“ Прашале: „Кои се тие, о, Божји пратенику?“ Тој одговорил: „Многубоштвото (ширкот), магијата (сихрот), неправедното убиство, каматата, бесправното користење на имотот на сиракот, дезертирањето од бојното поле и клеветењето на чесните и чедните вернички.“متفق عليه
Сулејман бин Сурад, Аллах нека е задоволен со него, раскажува: „Бев седнат со Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, кога двајца луѓе почнаа жестоко да се расправаат и да се навредуваат. Лицето на едниот поцрвене, а жилите на неговиот врат се надуја. Тогаш Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рече:
,Знам еден збор кој, ако го изговори, ќе му го отстрани тоа што го чувствува. Ако рече: Еузу биллахи минеш-шејтанир раџим (Барам прибежиште кај Аллах од проклетиот шејтан), ќе му помине тоа што го чувствува.‘
Па му рекоа: Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рече: ,Побарај прибежиште кај Аллах од шејтанот‘, а тој одговори: ,Зарем сум јас луд?‘“متفق عليه
Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „,Не завидувајте еден на друг, не зголемувајте ја лажно цената при купување (за да го измамите другиот), не мразете се, не свртувајте грб еден на друг и не продавајте преку продажбата на вашиот брат. Бидете Аллахови робови и браќа!
Муслиманот е брат на муслиманот – не му прави зулум, не го напушта (во неволја), и не го понижува.
Богобојазливоста е овде!‘ – и покажа кон градите трипати.
,Доволно зло за човекот е да го понижува својот брат муслиман. Забранети му се на секој муслиман спрема другиот муслиман: крвта, имотот и честа.‘“رواه مسلم