67 hadiths
Од Ебу Хурејре, радијаллаху анху, се пренесува: Еден бедуин дошол кај Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, и му рекол: „,Упати ме на дело со кое ќе влезам во рајот, ако го сторам тоа дело.‘ Пратеникот му одговорил: ,Обожувај го единствено Аллах и не припишувај Му друг, клањај ги пропишаните намази, дај го задолжителниот зекат и пости го месецот рамазан!‘ ,Се колнам во Оној во чија рака е мојата душа, ништо нема да додадам на ова.‘, одговорил човекот. Кога заминал, Аллаховиот Пратеник им рекол на асхабите: ,Кој сака да види човек од жителите на џенетот, нека погледне во овој (бедуин).‘“متفق عليه
Вахши бин Харб, Аллах нека е задоволен со него, раскажува: „Му рековме на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем: ,О, Божји пратенику, јадеме, а не се заситуваме.‘
Тој праша: ,Да не јадете одделено?‘
Рековме: ,Да.‘
Тогаш тој рече: ,Соберете се заедно околу храната и спомните го Аллаховото име над неа – тогаш ќе има бериќет за вас во неа.‘“رواه أبو داود وابن ماجه وأحمد