62 hadiths
Од Ебу Хумејд, или од Ебу Усејд, радијаллаху анхума, се пренесува дека рекле:
Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Кога некој од вас ќе влезе во џамијата, нека каже:
,Аллахумме ифтах ли ебвабе рахметик‘
(О Аллах, отвори ми ги вратите на Твојата милост);
а кога ќе излегува, нека каже:
,Аллахумме инни ес’елуке мин фадлик‘
(О Аллах, јас барам (да ми подариш) од Твојата дарежливост).“رواه مسلم
Од Осман ибн Ебул Ас, радијаллаху анху, се пренесува: дека дошол кај Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем, и му рекол:
„,О Аллахов Пратенику, шејтанот се испречува помеѓу мене и мојот намаз и моето читање (Куран), и ми ги меша мислите.‘
Па Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
,Тоа е шејтанот по име Хинзеб. Кога ќе го почувствуваш неговото присуство, побарај заштита кај Аллах од него, и плукни трипати налево (со лесно исфрлување на здив, без плунка).‘“
Осман рекол:
„Па го направив тоа, и Аллах го оддалечи од мене.“رواه مسلم
Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Седуммина ќе бидат под Аллаховата сенка на Денот кога нема да има друга сенка освен Неговата: праведниот владетел, младичот кој пораснал во ибадет на Аллах, човекот чие срце е приврзано за џамиите, двајца кои се сакаат во името на Аллах – се сретнале поради Него и се разделиле поради Него, човекот кого го повикала жена со углед и убавина, а тој ѝ рекол: ‚Јас се плашам од Аллах‘, човекот кој дал садака тајно – така што левата рака не знае што дала десната, и човекот кој го спомнал Аллах кога бил сам – па му потекле солзи.“متفق عليه