Hadith for the World
Tap the image to view it full size
Акида (исламско верување)

Ебу Малик ел Ешари, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:

Available in 70 languages
«Ебу Малик ел Ешари, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Чистотата е половина од верувањето. Зборот „елхамдулиллах“ ја исполнува вагата, а зборовите „субханаллах“ и „елхамдулиллах“ го исполнуваат просторот помеѓу небесата и земјата. Намазот е светлина, милосрдието (садаката) е доказ, трпението е сјај, а Куранот е доказ за тебе или против тебе. Секој човек поранува и ја тргува со својата душа, па или ќе ја ослободи или ќе ја уништи.“»

Meaning translation ·

Explanation

The meaning in a few plain lines

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, известува дека надворешната чистота се постигнува со абдест и гусул, и дека таа е услов за исправноста на намазот. Зборот „елхамдулиллах“ ја исполнува вагата на Судниот ден, бидејќи тоа е пофалба на Возвишениот Аллах и опишување со Неговите најпотполни атрибути. Зборовите „субханаллах“ и „елхамдулиллах“ го исполнуваат просторот помеѓу небесата и земјата, бидејќи тие го слават Возвишениот Аллах и го опишуваат со потполно совршенство, негирајќи го секој недостаток што може да му се припише. Намазот е светлина за верникот во неговото срце, лице, гроб и на Денот на проживување. Садаката е доказ за искреноста на верникот, за разлика од лицемерот кој ја избегнува бидејќи не верува во нејзината награда. Трпението е сјај - тоа е воздржување на душата од искажување на тага и негодување, и е светлина која носи топлина и предизвикува изгореници, како што носи сончевата светлина; бидејќи е тешко и бара борба со душата во воздржувањето од она што го посакува. Тоа е трпението во послушноста кон Возвишениот Аллах, одбегнувањето на гревовите и трпението во несреќите и потешкотиите во животот. Куранот е доказ за тебе ако го читаш и постапуваш според него, или против тебе ако го запоставиш без да го читаш или применуваш. Потоа, Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, известува дека сите луѓе се трудат и се активираат, се будат наутро и излегуваат од своите домови, секој со своја цел. Некои од нив се на патот на покорноста кон Возвишениот Аллах и ја ослободуваат својата душа од огнот, додека другите се оддалечуваат од покорноста и паѓаат во гревовите, уништувајќи ја својата душа со влегувањето во огнот.

Source
رواه مسلم
Download image

Saved at original quality