НамазВредноста на намазот
10 hadiths
10 hadiths
Ебу Хурејре, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Навистина, најтешки намази за мунафиците се јација намазот и сабах намазот, но кога би знаеле какво (добро) има во нив, би доаѓале дури и ползејќи, и навистина, размислував да наредам намазот да се воспостави, па да назначам човек кој ќе им биде имам на луѓето, а потоа да отидам со луѓе кои носат снопови дрва до оние кои не присуствуваат на намазот, па да им ги запалам нивните куќи.“متفق عليه
Од Мадан бин Ебу Талха ел-Ја‘мери се пренесува дека рекол: Се сретнав со Севбан, ослободениот роб на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, и го прашав: „,Кажи ми дело кое, ако го практикувам, Аллах ќе ме внесе во Џенетот?‘ Или реков: ,Кое е најомиленото дело кај Аллах?‘ Тој молчеше. Го прашав повторно, но тој пак молчеше. Кога го прашав по третпат, тој ми рече: ,Го прашав Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, за истото и тој ми одговори:
Често паѓај му ничкум на сеџда на Аллах, бидејќи секоја сеџда што ќе Му ја направиш Нему, Тој ќе те воздигне за еден степен и ќе ти избрише еден грев.‘
Мадан продолжи: ,Потоа се сретнав со Ебу Дерда и го прашав за истото, и тој ми одговори исто како што ми одговори Севбан.‘“رواه مسلم
Од Ебу Хурејре, радијаллаху анху, се пренесува дека го слушнал Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како вели: „,Што мислите, кога некој од вас би имал река пред својата врата и би се капел во неа петпати на ден, дали би останало нешто од неговата нечистотија?‘ Тие рекоа: ,Не, нема да остане ништо од неговата нечистотија.‘ Тогаш тој рече: ,Тоа е примерот на петте дневни намази со кои Аллах ги брише гревовите.‘“متفق عليه