НамазДоброволни намази
40 hadiths
40 hadiths
Џабир бин Абдулах, Аллах нека е задоволен со него и со неговиот татко, раскажува: Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, нѐ поучуваше на истихара во сите работи – исто како што нѐ поучуваше на некоја сура од Куранот. Тој велеше: „Кога некој од вас се двоуми за некоја работа, нека клања два реката доброволен намаз, па потоа нека се помоли: Аллаху, дај ми да изберам преку Твоето знаење и овозможи ми го истото со Твојата моќ. Барам од Твојата неизмерна добрина, Ти си моќен а јас сум немоќен, Ти знаеш а јас не знам. Аллаху, доколку оваа работа (ја именува) е добра за мојата вера, живот и неговиот завршеток, близок или подалечен, овозможи ми ја, олесни ми ја и дај ми бериќет во неа. Аллаху, доколку оваа работа (ја именува) е лоша за мојата вера, живот и неговиот завршеток, близок или далечен, оддалечи ме од неа и неа оддалечи ја од мене и одреди го за мене тоа што е подобро каде и да е, и дај ми да бидам задоволен со истата.
Потоа рече: „И ќе ја спомне својата потреба.“رواه البخاري
Абдулах бин Селам, Аллах нека е задоволен со него, раскажува: „Кога Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, пристигна во Медина, луѓето се собраа околу него и велеа: ,Пристигна Божјиот пратеник!‘ – трипати. Потоа и јас отидов заедно со луѓето за да го видам, и кога го здогледав неговото лице, веднаш сфатив дека тоа не може да биде лице на лажливец. Првите зборови што ги слушнав од него беа: ,О луѓе, ширете го селамот, нахранете ги гладните, одржувајте ги роднинските врски и клањајте ноќе додека луѓето спијат – ќе влезете во Џенетот со мир.‘“رواه الترمذي وابن ماجه وأحمد
Абдулах бин Омер, Аллах нека е задоволен со него и неговиот татко, раскажува: Еден човек го прашал Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, додека тој бил на минберот: „Што мислиш за ноќниот намаз?“
Тој одговорил: „Два по два (реката). А кога ќе се уплаши од настапувањето на сабахот, нека клања еден рекат – кој ќе му биде витр (непарен) на она што го има клањано.“
И навистина, тој, салаллаху алејхи ве селем, знаел да каже: „Витрот нека биде последен од вашиот намаз во текот на ноќта,“ – Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, го наредил тоа.متفق عليه