19 hadiths
Абдулах бин Селам, Аллах нека е задоволен со него, раскажува: „Кога Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, пристигна во Медина, луѓето се собраа околу него и велеа: ,Пристигна Божјиот пратеник!‘ – трипати. Потоа и јас отидов заедно со луѓето за да го видам, и кога го здогледав неговото лице, веднаш сфатив дека тоа не може да биде лице на лажливец. Првите зборови што ги слушнав од него беа: ,О луѓе, ширете го селамот, нахранете ги гладните, одржувајте ги роднинските врски и клањајте ноќе додека луѓето спијат – ќе влезете во Џенетот со мир.‘“رواه الترمذي وابن ماجه وأحمد
Абдулах бин Омер, Аллах нека е задоволен со него и неговиот татко, раскажува: Еден човек го прашал Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, додека тој бил на минберот: „Што мислиш за ноќниот намаз?“
Тој одговорил: „Два по два (реката). А кога ќе се уплаши од настапувањето на сабахот, нека клања еден рекат – кој ќе му биде витр (непарен) на она што го има клањано.“
И навистина, тој, салаллаху алејхи ве селем, знаел да каже: „Витрот нека биде последен од вашиот намаз во текот на ноќта,“ – Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, го наредил тоа.متفق عليه