126 hadiths
Ибн Месуд, радијаллаху анху, пренесува: „Алаховиот пратеник, алејхи селам, ми го научи тешехудот, додека дланката ми беше помеѓу неговите дланки, како што ме подучуваше на сура од Куранот.
,Ет-техијату лиллахи вес-салавату вет-тајибату, ес-селаму алејке ејјухен-небију ве рахметуллахи ве берекатуху, ес-селаму алејна ве ‘ала ибадилахис-салихин. Ешхеду ен ла илахе иллаллаху ве ешхеду енне Мухамеден абдуху ве ресулуху (Сите пофалби му припаѓаат на Аллах, благословите и добрите дела; мир над тебе, Веровеснику, и нека е Аллаховата милост и мир над тебе и над нас и над добрите робови Аллахови. Сведочам дека нема вистински бог освен Аллах и сведочам дека Мухамед е Негов слуга и Негов Пратеник.)‘“ Во друг хадис на Бухари и Муслим стои: „Аллах е Селам, кога некој од вас ќе седне на тешехуд во намазот, нека каже: ,Ет-техијату лиллахи вес-салавату вет-тајјибату, ес-селаму алејке ејјухен-небијју ве рахметуллахи ве берекатуху, ес-селаму алејна ва ала ибадилахис-салихин‘, кога ќе го каже тоа, секој добар Аллахов слуга на небесата и на Земјата ќе биде поздравен со тој селам. ,Ешхеду ен ла илахе илалаху ве ешхеду енне Мухамеден абдуху ве Ресулуху‘, А потоа, нека го моли Аллах за сѐ што сака.“متفق عليه
Ебу Хурејре, радијаллаху анху, вели: Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, се молеше и го кажуваше следното: „Аллахумме инни е‘узу бике мин ‘азабил-кабри ве мин ‘азабин-нари ве мин фитнетил-махја вел-мемати ве мин фитнетил-месихид-деџџали“ (Аллаху, ја барам Твојата заштита од казната во гробот и од казната во пеколот, од искушенијата на животот и смртта и од искушенијата на лажниот Месија Деџал.)“ Во Муслим, се вели: „Кога некој од вас ќе биде на последниот тешехуд, нека побара од Аллах засолниште за четири работи: Казната на кабурот, искушението на животот, искушението на смртта и од злото на лажниот месија Деџал.“متفق عليه
Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, раскажува: „Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, кога го изговараше почетниот текбир во намазот, замолкнуваше за кратко пред да почне со рецитирањето. Тогаш го прашав: ,О, Божји пратенику, за тебе би ги жртвувал и мајката и таткото, што изговараш за време на молчењето помеѓу почетниот текбир и рецитирањето?‘ Тој одговори:
,Изговарам: АЛЛАХУММЕ БА‘ИД БЕЈНИ ВЕ БЕЈНЕ ХАТАЈАЈЕ КЕМА БА'АДТЕ БЕЈНЕЛ-МЕШРИКИ ВЕЛ-МАГРИБИ, АЛЛАХУММЕ, НЕККИНИ МИН ХАТАЈАЈЕ КЕМА ЈУНЕККА ЕС-СЕВБУЛ-ЕБЈЕДУ МИНЕД-ДЕНЕС, АЛЛАХУММЕ-ГСИЛНИ МИН ХАТАЈАЈЕ БИЛ-МАИ ВЕС-СЕЛЏИ ВЕЛ-БЕРД (Аллаху мој, оддалечи ме од моите гревови како што ги оддалечи истокот и западот, Аллаху мој прочисти ме од гревовите како што се чисти белата облека од нечистотиите, Аллаху мој измиј ги моите гревови со вода, снег и мраз.)‘“متفق عليه
Џабир бин Абдулах, Аллах нека е задоволен со него и со неговиот татко, раскажува: Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, нѐ поучуваше на истихара во сите работи – исто како што нѐ поучуваше на некоја сура од Куранот. Тој велеше: „Кога некој од вас се двоуми за некоја работа, нека клања два реката доброволен намаз, па потоа нека се помоли: Аллаху, дај ми да изберам преку Твоето знаење и овозможи ми го истото со Твојата моќ. Барам од Твојата неизмерна добрина, Ти си моќен а јас сум немоќен, Ти знаеш а јас не знам. Аллаху, доколку оваа работа (ја именува) е добра за мојата вера, живот и неговиот завршеток, близок или подалечен, овозможи ми ја, олесни ми ја и дај ми бериќет во неа. Аллаху, доколку оваа работа (ја именува) е лоша за мојата вера, живот и неговиот завршеток, близок или далечен, оддалечи ме од неа и неа оддалечи ја од мене и одреди го за мене тоа што е подобро каде и да е, и дај ми да бидам задоволен со истата.
Потоа рече: „И ќе ја спомне својата потреба.“رواه البخاري
Ебу Хурејре, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Навистина, најтешки намази за мунафиците се јација намазот и сабах намазот, но кога би знаеле какво (добро) има во нив, би доаѓале дури и ползејќи, и навистина, размислував да наредам намазот да се воспостави, па да назначам човек кој ќе им биде имам на луѓето, а потоа да отидам со луѓе кои носат снопови дрва до оние кои не присуствуваат на намазот, па да им ги запалам нивните куќи.“متفق عليه
Муаз ибн Џебел, радијаллаху анху, пренесува дека Пратеникот, алејхи селам, го фатил за раката и рекол: „,О Муаз, те сакам во име на Аллах‘, а потоа рече: ,Те советувам, о Муаз, непрестано на крајот од секој намаз да велиш: Аллахумме еинни ала зикрике ве шукрике ве хусни ибадетике.‘“رواه أبو داود والنسائي وأحمد
Од Мадан бин Ебу Талха ел-Ја‘мери се пренесува дека рекол: Се сретнав со Севбан, ослободениот роб на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, и го прашав: „,Кажи ми дело кое, ако го практикувам, Аллах ќе ме внесе во Џенетот?‘ Или реков: ,Кое е најомиленото дело кај Аллах?‘ Тој молчеше. Го прашав повторно, но тој пак молчеше. Кога го прашав по третпат, тој ми рече: ,Го прашав Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, за истото и тој ми одговори:
Често паѓај му ничкум на сеџда на Аллах, бидејќи секоја сеџда што ќе Му ја направиш Нему, Тој ќе те воздигне за еден степен и ќе ти избрише еден грев.‘
Мадан продолжи: ,Потоа се сретнав со Ебу Дерда и го прашав за истото, и тој ми одговори исто како што ми одговори Севбан.‘“رواه مسلم
Ебу Хурејре, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Подобро е човек да го извршува намазот во џемат, отколку да го извршува дома или на пазар, дваесет и повеќе пати. Тоа ќе го постигне кога ќе земе целосен абдест, а потоа ќе дојде во џамија само заради намаз. За секој чекор што ќе го направи ќе биде воздигнат за еден степен и ќе му се прости еден грев, сè додека не влезе во џамијата. Кога ќе влезе во џамијата и ќе почне да клања, сè додека намазот го држи таму на местото каде што клања, за тоа време мелеците ќе се молат за него со следни зборови: ,Аллаху, смилувај Му се, Аллаху, прости му, Аллаху, прими му го покајанието‘. Така ќе се молат за него сè додека не вознемири некого или додека не го изгуби абдестот.“متفق عليه