MK
Намаз
Обавезнота на намазот и прописот за оној кој го остава
5 hadiths
Обавезнота на намазот и прописот за оној кој го остава
5
Вредноста на намазот
10
Езанот и икаметот
6
أوقات النهي عن الصلاة
2
Услови за намаз
3
Столбови на намазот
2
Obligatory Acts of Prayer
1
سنن الصلاة
1
Опис на намазот
10
Зикрови во намазот
15
مبطلات الصلاة
1
Грешките на клањачите
5
Сехви сеџда, сеџда тилавет и сеџда од бла
4
Вредноста на намазот во џемат и прописите поврзани со тоа
7
Прописи поврзани со имамот и муктедијата
4
Намазот на тие кои имаат оправдана причина
1
Џума намаз
7
Доброволни намази
40
صلاة الكسوف والخسوف
2
صلاة الاستسقاء
1
Прописи за џамиите
9
5 hadiths
Амр бин Шуајб пренесува од неговиот татко, кој пак од неговиот татко пренесува, дека рекол: Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, вели: „Наредете им на вашите деца да го клањаат намазот кога ќе наполнат седум години, а казнете ги ако одбијат кога ќе наполнат десет години, и во тие години раздвојте ги машките од женските во постела.“
رواه أبو داود
Од Бурејде бин ел Хусајб, радијаллаху анху, се пренесува дека рекол: „Побрзајте со икиндискиот намаз! Го слушнав Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, како вели: ,Кој ќе го испушти икиндискиот намаз, делата веќе му пропаднаа.‘“
رواه البخاري
Абдулах бин Омер, радијаллаху анхума, пренесува: Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Исламот се темели врз пет (столба): сведоштвото дека нема божество достојно за обожување освен Аллах и дека Мухамед е Божји пратеник, клањањето на намазот, давањето зекат, постот на месецот рамазан и аџилакот.“
متفق عليه
Од Енес ибн Малик, радијаллаху анху, се пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Кој ќе заборави некој намаз, нека го клања кога ќе се сети на него, затoa што нема друго искупување за тоа освен на тој начин.“ Потоа го рецитирал ајетот: „И извршувај го намазот за да Ме спомнуваш.“ (Та Ха, 14)
متفق عليه
Од Џабир, радијаллаху анху, се пренесува дека рекол: „Го слушнав Аллаховиот пејгамбер, салаллаху алејхи ве селем, како вели: „Навистина, помеѓу човекот и помеѓу ширкот (многубоштвото) и неверувањето е оставањето на намазот.“
رواه مسلم