Hadith for the World
Tap the image to view it full size
Фикх (исламско право) и методологија на фикхот

Амр бин Шуајб пренесува од неговиот татко, кој пак од неговиот татко пренесува, дека рекол: Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, вели:

Available in 60 languages
«Амр бин Шуајб пренесува од неговиот татко, кој пак од неговиот татко пренесува, дека рекол: Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, вели: „Наредете им на вашите деца да го клањаат намазот кога ќе наполнат седум години, а казнете ги ако одбијат кога ќе наполнат десет години, и во тие години раздвојте ги машките од женските во постела.“»

Meaning translation ·

Explanation

The meaning in a few plain lines

Аллаховиот пратеник, алејхи селам, ни објаснува дека таткото е должен да им наредува на своите деца, машки и женски, да клањаат кога ќе наполнат седум години и да ги подучат за сè што им е потребно за да го клањаат намазот. А кога ќе наполнат десет години, тогаш уште посилно ќе им нареди, па дури и ќе ги дисциплинира ако одбијат, исто така ќе ги одвои машките од женските деца да не спијат заедно (во една постела).

Source
رواه أبو داود
Download image

Saved at original quality