Hadith for the World
Поуки и совети

Душевното чистење

9 hadiths

9 hadiths

Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Искушенијата нема да престанат да го снаоѓаат верникот и верничката – во нив самите, во нивните деца и во нивниот имот – сè додека не го сретнат Аллах, без ниту еден грев.“رواه الترمذي وأحمد
Сухејб, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Чудна е состојбата на верникот; тој секогаш е во добро и само верникот може да биде во таква состојба. Ако го снајде некаква радост, тој е благодарен и тоа е добро за него, а ако го снајде некаква тешкотија, тој е трпелив и тоа повторно е добро за него.“رواه مسلم
Од Абдулах бин Омер, радијаллаху анхума, се пренесувадека рекол: „Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, ме фати за рамото и ми рече: ,На овој свет биди како да си странец или случаен минувач.‘“ А Ибн Омер велеше: „Ако ја дочекаш ноќта, не чекај го утрото, а ако се разбудиш наутро, не чекај ја ноќта. Искористи го здравјето пред да дојде болеста, а животот пред да дојде смртта.“رواه البخاري
Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „,Не завидувајте еден на друг, не зголемувајте ја лажно цената при купување (за да го измамите другиот), не мразете се, не свртувајте грб еден на друг и не продавајте преку продажбата на вашиот брат. Бидете Аллахови робови и браќа! Муслиманот е брат на муслиманот – не му прави зулум, не го напушта (во неволја), и не го понижува. Богобојазливоста е овде!‘ – и покажа кон градите трипати. ,Доволно зло за човекот е да го понижува својот брат муслиман. Забранети му се на секој муслиман спрема другиот муслиман: крвта, имотот и честа.‘“رواه مسلم
Ебу Хурејре, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Гледајте кон оние што се под вас, а не кон оние што се над вас – тоа ќе ве заштити од потценување на благодатите што Аллах ви ги дал.“متفق عليه
Ибн Абас, Аллах нека е задоволен со него и со неговиот татко, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Две благодати кои многу луѓе не знаат да ги искористат се: здравјето и слободното време.“رواه البخاري
Ебу Малик ел Ешари, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Чистотата е половина од верувањето. Зборот „елхамдулиллах“ ја исполнува вагата, а зборовите „субханаллах“ и „елхамдулиллах“ го исполнуваат просторот помеѓу небесата и земјата. Намазот е светлина, милосрдието (садаката) е доказ, трпението е сјај, а Куранот е доказ за тебе или против тебе. Секој човек поранува и ја тргува со својата душа, па или ќе ја ослободи или ќе ја уништи.“رواه مسلم
Пренесено е дека Суфјан бин Абдулах ес Секафи, радијаллаху анху, рекол: „Прашав: ,О, Алаховиот Пратенику, кажи ми нешто за исламот, за што нема да морам никого да прашувам после тебе?‘ Аллаховиот пратеник, алејхи селам рече: ,Речи: Верувам во Аллах, а потоа биди истраен во тоа.‘“رواه مسلم وأحمد
Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Седуммина ќе бидат под Аллаховата сенка на Денот кога нема да има друга сенка освен Неговата: праведниот владетел, младичот кој пораснал во ибадет на Аллах, човекот чие срце е приврзано за џамиите, двајца кои се сакаат во името на Аллах – се сретнале поради Него и се разделиле поради Него, човекот кого го повикала жена со углед и убавина, а тој ѝ рекол: ‚Јас се плашам од Аллах‘, човекот кој дал садака тајно – така што левата рака не знае што дала десната, и човекот кој го спомнал Аллах кога бил сам – па му потекле солзи.“متفق عليه