17 hadiths
Ебу Сеид ел-Худри, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „О Ебу Сеид! Оној што ќе биде задоволен со Аллах како Господар, со исламот како вера, и со Мухамед како веровесник – за него Џенетот станува задолжителен.“
Тоа многу го зачуди Ебу Сеид, па рече:
„Повтори ми го тоа, о Аллахов пратенику!“
Тој му го повтори, а потоа додаде:
„Има уште едно дело преку кое робот ќе биде воздигнат за сто степени во Џенетот – а растојанието меѓу секој степен е колку растојанието помеѓу небото и земјата.“
Рече: „А кое е тоа, о Аллахов пратенику?“
Тој одговори: „Џихадот на Аллаховиот пат. Џихадот на Аллаховиот пат.“رواه مسلم
Од Ебу Сeид ел-Худри, Аллах нека е задоволен со него, се пренесува дека рекол: Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Возвишениот Аллах ќе им рече на жителите на Џенетот: ,О, жители на Џенетот!‘ Тие ќе одговорат: ,Ти се одѕиваме, Господару наш!‘ Потоа Аллах ќе праша: ,Дали сте задоволни?‘ Тие ќе речат: ,Како да не бидеме задоволни кога ни го даде она што не си му го дал на ниту едно од твоите созданија?‘ Тогаш Аллах ќе рече: ,Ќе ви дадам нешто уште повредно од тоа.‘ Тие ќе прашаат: ,Господару наш, а што е повредно од тоа?‘ Аллах ќе одговори: ,Ќе го спуштам Моето задоволство врз вас, и потоа никогаш нема да се налутам на вас.‘“متفق عليه
Ебу Сеид ел-Худри, Аллах нека е задоволен со него, раскажува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, излегол на денот на курбанскиот или рамазанскиот бајрам на местото каде што се извршувал намазот на отворено. Поминал покрај жените и им рекол: „,О жени, давајте садака/милосрдие, бидејќи ми беше покажано дека повеќето жители на Џехенемот сте вие.‘
Тие го прашаа: ,А зошто, о Божји пратенику?‘
Тој одговори: ,Затоа што многу проколнувате и не сте благодарни на вашите сопрузи. Не сум видел никого со помал разум и вера кој би можел да му го одземе разборот на разумен маж повеќе од една од вас.‘
Тие прашаа: ,Во што се состои нашиот недостаток во разумот и верата, о Божји пратенику?‘
Тој рече: ,Не ли сведоштвото на жената е половина од сведоштвото на мажот?‘
Тие одговорија: ,Да.‘
Тој рече: ,Тоа е поради намалувањето на нејзиниот разум. И не ли кога има менструација, не клања и не пости?‘
Тие одговорија: ,Да.‘
Тој рече: ,Тоа е поради намалувањето на нејзината вера.‘“متفق عليه
Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Возвишениот Аллах вели: ,За Моите добри робови подготвив нешто што ниту око видело, ниту уво чуло, ниту некому некогаш му дошло на ум.‘“ Ебу Хурејре потоа рече:
„Ако сакате, цитирајте го ајетот: ,И никој не знае какви, како награда за тоа што го правеле, скриени радости ги очекуваат.‘“ (Ес-Сеџде, 17)متفق عليه