TopicФикх (исламско право) и методологија на фикхот
288 hadiths
288 hadiths
Од Севбан, радијаллаху анху, се пренесува дека рекол: Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, кога завршуваше со намазот, трипати бараше прошка од Аллах, а потоа кажуваше: „О Аллах, Ти си Селам и од Тебе е селамот, благословен си Ти, О Сопственику на големината и благородноста.“ Велид рекол: „Го прашав Евзаи за тоа како да побарам прошка од Аллах, а тој ми рече: ,Изговарај: Естагфирулах, естагфирулах.‘“رواه مسلم
Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Секој кој после секој намаз ќе изговори, субханаллах триесет и три пати, елхамдулиллах триесет и три пати и Аллаху екбер триесет и три пати — што вкупно изнесува деведесет и девет, а за стотиот ќе рече: Ла илахе иллаллаху вахдеху ла шерике лех, лехул мулку ве лехул хамду, ве хуве ала кулли шеј-ин кадир — ќе му бидат простени гревовите, дури и ако се многубројни како морската пена.“رواه مسلم
Абдулах бин Омер, Аллах нека е задоволен со него и неговиот татко, раскажува: Еден човек го прашал Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, додека тој бил на минберот: „Што мислиш за ноќниот намаз?“
Тој одговорил: „Два по два (реката). А кога ќе се уплаши од настапувањето на сабахот, нека клања еден рекат – кој ќе му биде витр (непарен) на она што го има клањано.“
И навистина, тој, салаллаху алејхи ве селем, знаел да каже: „Витрот нека биде последен од вашиот намаз во текот на ноќта,“ – Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, го наредил тоа.متفق عليه