14 hadiths
Од Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, се пренесува дека рекол: „Некој праша: О, Аллахов пратенику, кој ќе биде најсреќен со твоето застапување на Судниот ден?' Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, одговори: ,Како што и помислив, о Ебу Хурејре, дека никој нема да ме праша за ова пред тебе, поради твојата желба за хадисите. Најсреќен со моето застапување на Судниот ден ќе биде оној кој искрено од срце или душа ќе рече: Нема друг вистински бог освен Аллах.’“رواه البخاري
Се пренесува дека Абдулах ибн Месуд, радијаллаху анху, рекол: Аллаховиот пратеник, алејхи селам, искажа нешто, а и јас кажав. Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, кажа: „Кој ќе умре правејќи Му ширк на Аллах, ќе влезе во Џехенемот“, а јас додадов: „Кој ќе умре неправејќи му ширк на Аллах, ќе влезе во Џенетот.“متفق عليه
Од Аиша, мајката на верниците, радијаллаху анха, се пренесува дека Уму Селеме му ја спомнала на Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, црквата наречена ,Марија‘ која ја видела во Абисинија, а во која имало икони и фрески. Пратеникот ѝ рекол: ,Тие луѓе, кога меѓу нив некој добар човек ќе умрел, граделе храм врз неговиот гроб, и ги цртале тие слики. Тие се најлошите суштества кај Возвишениот Аллах.‘“متفق عليه
Муаз, Аллах нека е задоволен со него, рекол: „Заедно со Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, бевме качени врз магаре кое се викаше Уфејр. Тој ми рече: ,О Муаз, дали знаеш кое е правото на Аллах врз Неговите робови и кое е правото на робовите кон Аллах?’ Јас одговорив: ,Аллах и Неговиот Пратеник најдобро знаат.’ Тој ми рече: ‘Правото на Аллах врз Неговите робови е да Го обожуваат и никого да не Му припишуваат како здруженик. Правото на робовите кон Аллах е да не го казни оној кој не Му припишува ништо како здруженик.’ Јас прашав: ,О, Аллахов Пратенику, дали да ги известам луѓето за ова?’ Тој ми рече: ,Не ги известувај, за да не се потпрат на тоа.’”متفق عليه