Hadith for the World
Имиња и прописи

Исламот

3 hadiths

3 hadiths

Од Нуман бин Бешир, радијаллаху анху, се пренесува дека рекол: Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, вели: „Примерот на верниците, во нивната меѓусебна грижа, милосрдие и сочувство, се како примерот на едно тело. Кога ќе се разболи еден дел од телото, сите останати делови реагираат со несоница и треска.“متفق عليه
Абдулах бин Омер, радијаллаху анхума, пренесува: Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Исламот се темели врз пет (столба): сведоштвото дека нема божество достојно за обожување освен Аллах и дека Мухамед е Божји пратеник, клањањето на намазот, давањето зекат, постот на месецот рамазан и аџилакот.“متفق عليه
Аиша, Аллах нека е задоволен со неа, рекла: ,,Прашав: ,О, Аллахов Пратенику, Ибн Џудан во времето на џахилиетот ги одржуваше роднинските врски и ги хранеше сиромашните. Дали тоа ќе му користи?' Тој одговори: ‘Не, тоа нема да му користи, бидејќи никогаш не рече: Господару мој, прости ми ги гревовите на Судниот ден.’“رواه مسلم