63 hadiths
Се пренесува од Омер бин Хатаб, радијаллаху анху, дека рекол: Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, кажал: „Делата се ценат според намерата, а на секој човек му припаѓа тоа што го наумил, па така тој што наумил да направи хиџра кон Аллах и Неговиот пратеник, хиџрата ќе му биде кон Аллах и Неговиот пратеник, а кој наумил преселба заради корист од овој свет или заради брак со некоја жена, тогаш неговата преселба ќе биде за тоа што за што ја наумил.“ Во предание кое го пренесува Бухари стои: „Делата се ценат според намерите, а на секој човек му припаѓа тоа што го наумил.“متفق عليه
Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „,Не завидувајте еден на друг, не зголемувајте ја лажно цената при купување (за да го измамите другиот), не мразете се, не свртувајте грб еден на друг и не продавајте преку продажбата на вашиот брат. Бидете Аллахови робови и браќа!
Муслиманот е брат на муслиманот – не му прави зулум, не го напушта (во неволја), и не го понижува.
Богобојазливоста е овде!‘ – и покажа кон градите трипати.
,Доволно зло за човекот е да го понижува својот брат муслиман. Забранети му се на секој муслиман спрема другиот муслиман: крвта, имотот и честа.‘“رواه مسلم
Ебу Хурејре, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Силниот верник е подобар и подраг кај Аллах од слабиот верник, а во двајцата има добро. Стреми се кон она што ќе ти користи и барај помош од Аллах во тоа, и не покажувајте немоќ. Ако те снајде нешто, не вели: ,Да направев така и така, ќе беше така и така‘, туку кажи: ,Тоа е Аллахова одредба и Тој прави што сака‘, бидејќи со зборовите ,да направев‘ му се отвора можност на шејтанот да делува.“رواه مسلم
Од Ебу Сeид ел-Худри, Аллах нека е задоволен со него, се пренесува дека рекол: Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Возвишениот Аллах ќе им рече на жителите на Џенетот: ,О, жители на Џенетот!‘ Тие ќе одговорат: ,Ти се одѕиваме, Господару наш!‘ Потоа Аллах ќе праша: ,Дали сте задоволни?‘ Тие ќе речат: ,Како да не бидеме задоволни кога ни го даде она што не си му го дал на ниту едно од твоите созданија?‘ Тогаш Аллах ќе рече: ,Ќе ви дадам нешто уште повредно од тоа.‘ Тие ќе прашаат: ,Господару наш, а што е повредно од тоа?‘ Аллах ќе одговори: ,Ќе го спуштам Моето задоволство врз вас, и потоа никогаш нема да се налутам на вас.‘“متفق عليه