TopicАкида (исламско верување)
135 hadiths
135 hadiths
Од Аиша, мајката на верниците, радијаллаху анха, се пренесува дека Уму Селеме му ја спомнала на Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, црквата наречена ,Марија‘ која ја видела во Абисинија, а во која имало икони и фрески. Пратеникот ѝ рекол: ,Тие луѓе, кога меѓу нив некој добар човек ќе умрел, граделе храм врз неговиот гроб, и ги цртале тие слики. Тие се најлошите суштества кај Возвишениот Аллах.‘“متفق عليه
Муаз, Аллах нека е задоволен со него, рекол: „Заедно со Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, бевме качени врз магаре кое се викаше Уфејр. Тој ми рече: ,О Муаз, дали знаеш кое е правото на Аллах врз Неговите робови и кое е правото на робовите кон Аллах?’ Јас одговорив: ,Аллах и Неговиот Пратеник најдобро знаат.’ Тој ми рече: ‘Правото на Аллах врз Неговите робови е да Го обожуваат и никого да не Му припишуваат како здруженик. Правото на робовите кон Аллах е да не го казни оној кој не Му припишува ништо како здруженик.’ Јас прашав: ,О, Аллахов Пратенику, дали да ги известам луѓето за ова?’ Тој ми рече: ,Не ги известувај, за да не се потпрат на тоа.’”متفق عليه
Аиша, Аллах нека е задоволен со неа, рекла: ,,Прашав: ,О, Аллахов Пратенику, Ибн Џудан во времето на џахилиетот ги одржуваше роднинските врски и ги хранеше сиромашните. Дали тоа ќе му користи?' Тој одговори: ‘Не, тоа нема да му користи, бидејќи никогаш не рече: Господару мој, прости ми ги гревовите на Судниот ден.’“رواه مسلم
Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Часот нема да настапи додека Сонцето не изгрее од запад. Кога ќе изгрее од запад и луѓето ќе го видат, сите ќе поверуваат. Но тоа е времето кога: „...некои предзнаци од Господарот твој ќе дојдат, на ниту еден човек нема да му биде од корист тоа што тогаш ќе верува, ако претходно не верувал или ако не сторил, како верник, некакво добро." (Ел Енам, 158) Часот ќе настапи, а двајца мажи ќе ги изложат своите алишта за купопродажба, но нема да успеат ниту да ги продадат ниту повторно да ги земат. Часот ќе настапи и човекот ќе се враќа со млеко од својата камила, но нема да успее да се напие. Часот ќе настапи и човек го поправа својот базен, но нема да успее да го наполни со вода. Часот ќе настапи додека човек ќе ја подигне својата храна до устата, но нема да стигне да ја изеде.“متفق عليه
Од Абдуллах ибн Амр ибн ел Ас, радијаллаху анху, се пренесува дека го слушнал Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, како вели: „Кога ќе го чуете муезинот, повторете го она што го изговара, а потоа испратене салават врз мене, зашто оној кој ќе испрати еден салават кон мене, Аллах ќе испрати врз него десет салавати.
Потоа, замолете Го Аллах да ми го подари Весилех, зашто тоа е едно посебно место во Џенетот, кое му припаѓа само на еден од Аллаховите робови, и се надевам дека тоа сум јас.
Кој ќе побара Весилех за мене, нему ќе му припадне мојот шефаат.“رواه مسلم