TopicФикх (исламско право) и методологија на фикхот
288 hadiths
288 hadiths
Од Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, се пренесува дека веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Секој ден, кога ќе осамнат луѓето, слегуваат двајца мелеци. Едниот вели: ,О Аллах, надомести му на оној што троши (во добри дела)!‘ А другиот вели: ,О Аллах, направи имотот на оној што е скржав да пропадне!‘“متفق عليه
Муаз ибн Џебел, радијаллаху анху, пренесува дека Пратеникот, алејхи селам, го фатил за раката и рекол: „,О Муаз, те сакам во име на Аллах‘, а потоа рече: ,Те советувам, о Муаз, непрестано на крајот од секој намаз да велиш: Аллахумме еинни ала зикрике ве шукрике ве хусни ибадетике.‘“رواه أبو داود والنسائي وأحمد
Ебу Хурејре, радијаллаху анху, пренесува: Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Возвишениот Аллах вели: Секое дело што го прави синот Адемов, му припаѓа нему, освен постот! Навистина, постот е Мој и Јас го наградувам за него. Постот е штит, кога некој од вас пости, нека не зборува простаклаци и нека не го крева гласот, расправајќи се, ако некој го навреди или се степа со него, нека каже: ,Јас постам!‘ Се колнам во Оној во чија рака е душата на Мухамед, здивот од устата на постачот е поубав кај Аллах од мирисот на мошус. Постот има две радости: една кога ќе го заврши постот и друга кога ќе Го сретне својот Господар, и ќе се израдува на својот пост!“متفق عليه
Од Мадан бин Ебу Талха ел-Ја‘мери се пренесува дека рекол: Се сретнав со Севбан, ослободениот роб на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, и го прашав: „,Кажи ми дело кое, ако го практикувам, Аллах ќе ме внесе во Џенетот?‘ Или реков: ,Кое е најомиленото дело кај Аллах?‘ Тој молчеше. Го прашав повторно, но тој пак молчеше. Кога го прашав по третпат, тој ми рече: ,Го прашав Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, за истото и тој ми одговори:
Често паѓај му ничкум на сеџда на Аллах, бидејќи секоја сеџда што ќе Му ја направиш Нему, Тој ќе те воздигне за еден степен и ќе ти избрише еден грев.‘
Мадан продолжи: ,Потоа се сретнав со Ебу Дерда и го прашав за истото, и тој ми одговори исто како што ми одговори Севбан.‘“رواه مسلم