TopicФикх (исламско право) и методологија на фикхот
288 hadiths
288 hadiths
Ебу Сеид ел-Худри, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „О Ебу Сеид! Оној што ќе биде задоволен со Аллах како Господар, со исламот како вера, и со Мухамед како веровесник – за него Џенетот станува задолжителен.“
Тоа многу го зачуди Ебу Сеид, па рече:
„Повтори ми го тоа, о Аллахов пратенику!“
Тој му го повтори, а потоа додаде:
„Има уште едно дело преку кое робот ќе биде воздигнат за сто степени во Џенетот – а растојанието меѓу секој степен е колку растојанието помеѓу небото и земјата.“
Рече: „А кое е тоа, о Аллахов пратенику?“
Тој одговори: „Џихадот на Аллаховиот пат. Џихадот на Аллаховиот пат.“رواه مسلم
Од Ебу Катаде, Аллах нека е задоволен со него, се пренесува дека тој го барал должникот, но овој се сокрил од него. Кога конечно го пронашол, должникот му рекол:
„,Јас сум во тешка состојба.‘
Ебу Катаде го прашал:
,Се колнеш во Аллах дека е така?‘
Должникот одговорил:
,Се колнам во Аллах.‘
Тогаш Ебу Катаде рекол:
,Навистина, го слушав Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како вели: – Кого го радува Аллах да го спаси од тешкотиите на Судниот ден, нека му олесни на оној што е во тешкотија или нека му го прости долгот.‘“رواه مسلم
Ебу Хурејре, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Подобро е човек да го извршува намазот во џемат, отколку да го извршува дома или на пазар, дваесет и повеќе пати. Тоа ќе го постигне кога ќе земе целосен абдест, а потоа ќе дојде во џамија само заради намаз. За секој чекор што ќе го направи ќе биде воздигнат за еден степен и ќе му се прости еден грев, сè додека не влезе во џамијата. Кога ќе влезе во џамијата и ќе почне да клања, сè додека намазот го држи таму на местото каде што клања, за тоа време мелеците ќе се молат за него со следни зборови: ,Аллаху, смилувај Му се, Аллаху, прости му, Аллаху, прими му го покајанието‘. Така ќе се молат за него сè додека не вознемири некого или додека не го изгуби абдестот.“متفق عليه