TopicДоблести и манири
288 hadiths
288 hadiths
Од мајката на верниците Уму Селеме, Аллах нека е задоволен со неа, се пренесува дека рекла: Го слушнав Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како вели: „Ниту еден муслиман нема да го снајде несреќа, па да каже онака како што му наредил Аллах: ,Навистина, ние сме Аллахови и Нему се враќаме‘ (Ел-Бекаре, 156), а потоа да рече: ,О Аллах, награди ме за мојата несреќа и дај ми подобро од неа‘ – а Аллах да не му даде подобро од тоа што го изгубил.“
Уму Селеме рече: „Кога почина Ебу Селеме, реков: ‚Кој од муслиманите би можел да биде подобар од Ебу Селеме? Тој беше првиот што се пресели кај Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем.‘ Но, сепак ја изговорив довата – и Аллах ми го даде подоброто: ми го даде за сопруг Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем.“رواه مسلم
Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Седуммина ќе бидат под Аллаховата сенка на Денот кога нема да има друга сенка освен Неговата: праведниот владетел, младичот кој пораснал во ибадет на Аллах, човекот чие срце е приврзано за џамиите, двајца кои се сакаат во името на Аллах – се сретнале поради Него и се разделиле поради Него, човекот кого го повикала жена со углед и убавина, а тој ѝ рекол: ‚Јас се плашам од Аллах‘, човекот кој дал садака тајно – така што левата рака не знае што дала десната, и човекот кој го спомнал Аллах кога бил сам – па му потекле солзи.“متفق عليه